Проекција на документарен филм
Објавено во Кампања - Клучот е во наши раце and Промоции од во Monday, 2 October 2006 во 14:13
Приказната на Васка Бајрамовска Мустафа
На 11.09.2006, во Мултимедијалниот центар Мала станица, во Скопје, Националниот Ромски Центар организираше проекција на документарен филм, во рамките на кампањата за образование на Ромите „Клучот е во ваши раце“.
Документарниот филм е придонес кон интензивно вклучување и прифаќање на ромските деца во образовниот процес. Автор на филмот е Драган Антоновски, а продукцијата е на продуцентското студио Порта ФМ-Скопје. Главното мото на филмот е Образованието е клуч кон интеграција и просперитет.
Приказната во филмот се развива преку личната исповед на Васка Бајрамовска Мустафа, која сега работи во канцеларијата на Народниот Правобранител на Македонија. Таа зборува за значењето на образованието во нејзиниот живот и покрај потешкотиите со кои се соочувала.
По официјалната промоција пред 70-на гости, филмот прв пат беше прикажан на Телевизија Сител на 01.10.2006 година и се подготвува за прикажување на повеќе локални телевизии, како и за пласирање надвор од државата.
Comments Off
