• Македонија, 8ми април 2010 – Национален Ромски Центар (НРЦ) по повод Меѓународниот ден на Ромите потенцирајќи ја итноста и важноста за подобрување на состојбата на ромската заедница повикува кон реални и видливи акции. Сведоци сме дека од сегашна перспектива и димензија Ромите се обидуваат да преживеат со постојано влошување на социо-економската состојба, стереотипи, предрасуди, дискриминација, недостаток на мерки за зачувување на културниот и јазичниот идентитет. Многу иницијативи беа покренати и формално подржани, но сепак имаме видлив јаз и треба да одлучиме – Дискриминација или инклузија? Продолжува…


  • 1000 градови, 1000 животи

    Објавено на 7 April 2010

    7 април 2010 година, Куманово, – Национален Ромски Центар (НРЦ) и се обраќа на јавноста по повод 7ми април, Светскиот ден на здравјето, кој се одбележува во чест на формирањето на Светската Здравствена организација како можност да се сврти вниманието на пошироката јавност кон значајни прашања од областа на здравјето како и секоја година, годинава се одбележува под мотото „1000 градови, 1000 животи“. Продолжува…