Реакција за состојбата на романските Роми во Италија
Објавено во Протестни писма од во Friday, 9 November 2007 во 14:53
Со оглед на последните случувања во Италија, што следеа по ужасното убиство на италијанска жена, со главен осомничен романски Ром, што доведе до итно протерување на Ромите, уривање на ромски населби и анти-ромски однос на медиумите и јавноста.
До:
Г-дин. Traian Basescu
Претседател на Романија
До
Г-дин. Călin Popescu – Tăriceanu
Премиер на Романија
До
Г-дин. Romano Prodi
Премиер на Италија
До
Г-дин Hans-Gert Pöttering
Претседател на Европскиот Парламент
До
Г-дин. Terry Davis
Генерален Секретар на Советот на Европа
До
Mr. Nicolae Paun
Пратеник во Парламентот на Романија
До
Европски Форум на Ромите и Травелерите, Стразбур
Почитувани,
Национален Ромски Центар (НРЦ) е граѓанска организација базирана на пристапот човекови права, која е активна во борбата против анти-ромскиот расизам и злоупотреба на човековите права на Ромите, претставувајќи и стимулирајќи активно учество и интеграција на ромската популација врз основа на принципите на модерното мултиетничко европско општество.
НРЦ изразува длабока засегнатост во поглед на ужасното убиство на италијанската жена, г-ѓа Џована Реџани, и од друга страна систематското насилство и злоупотреба на Ромите во Италија, ирелевантно дали станува збор за Романски Роми или за Роми од Италија. Веднаш по убиството, приведени се наводните извршители од ромска националност, но во исто време срушени се повеќе ромски наслеби во Италија. Ве молиме и апелираме да не ги експлоатирате емоциите кои следуваа по убиството на г-ѓа Реџиани, за да иселувате и протерувате Роми. На 1 номеври италијанската влада усвои закон со кој граѓаните на ЕУ кои претставуваат закана за јавниот ред и мир во Италија, може да бидат протерани. Италијанските власти донесоа закон по итна постапка кој што дозволува итно депортирање, и тоа без можност за судење на оние имигранти кои претставуваат закана за јавната безбедност.
