EdnoMagazine 10
Објавено во Активности од во Wednesday, 17 March 2010 во 11:34
Објавено во Активности од во Thursday, 29 October 2009 во 22:40
По повод „Неделата против расизмот“ (15-27 октомври 2009) , Националниот Ромски Центар во соработка со FARE мрежата, која е поддржана од фудбалската федерација UEFA и Open Fan Football, на ден 17.10.2006 (сабота) со почеток во 11 часот, организираше спортски настан. На настанот кој претставува континуитет на заложбите на НРЦ за борба против расизмот во фудбалот насловено како „Сите бои се убави“, преку забава и спортска игра учестваа младинци од градот Куманово, и тоа од различни националности. Исто така се оддржа и еден ревијален фудбалски натпревар. На овој настан беа поканети да дадат поддршка и поранешни фудбалери од Куманово од различни националности, а пред почетокот на настанот менаџерот на НРЦ, Ашмет Елезовски и Претседателот на Советот на општина Куманово, г-дин Виктор Цветковиќ говореа за кампањата и како младите можат да допринесат за прекин на расизмот и дискриминација во фудбалот. Пред почетокот на оваа Акциона Недела најмладите членови на НРЦ, делеа флаери, постери и информации за Акционата Недела низ целиот град и во основните и средните училишта во Куманово.
Мрежата има активни партнери во 40 земји и соработува со фанови, играчи, мигранти и етнички малцински организации како и со УЕФА и ФИФА. Благодарение на ФАРЕ мрежата може да се примети промена. Целта на овој настан беше да се промовира „Неделата против расизмот“, за да се влијае врз намалување на предрасудите и стереотипите кои постојат во фудбалот.
Објавено во Активности од во Friday, 24 July 2009 во 13:44
Брисел , 9-10 Јули 2009
Координаторот на проекот просперитет и здравје на жената Ромка пат кон предизвици се сретна со Комесарот за Здравство во Европската Комисија г-ѓа Андроула Василиоу.
„Биди здрав, биди ти“ беша насловот на младинската конференцијата за Здравство организирана од страна на Европската Комисија.
Себиахана Скендеровска во соработка и поддршка со Ромската Здравствена Програма од Будимпешта, учествуваше на конференцијата каде успееја со заеднички напори да се обрне внимание на сериозните здравствени проблеми на Ромите во Европа.
Од страна на ромските учесници беше укажано на реалноста дека Ромите во Европа немаат исти услови за партиципација во Здравствениот систем во многу држави низ европа, се едно од најголемото малцинство на овој континент но дискриминацијата е најголемото зло кое ја афирмира нееднаквоста на сите полиња кај оваа староевропско население.
Објавено во Активности од во Monday, 29 December 2008 во 12:20
Во пресрет на Новогодишните празници НРЦ, согласно своите можности, на над 100-тина ученици од основните училишта во Куманово им подели пакетчиња. На овој начин ги мотивираме учениците од социјално загрозените семејства, чии родители не беа во можност да им овозможат мало новогодишно задоволство.
![]() |
![]() |
![]() |
![]() |
Објавено во Активности and Извештаи од во Friday, 24 October 2008 во 16:22

По повод „Неделата против расизмот“ (16-28 октомври 2008), Националниот Ромски Центар во соработка со FARE мрежата, која е под д ржана од фудбалската федерација UEFA и Ф.К. Куманово – Еуроспорт, во петок, 24.10.2006, организираa спортски активности. На настанот зедоа учество деца и младинци од град од Куманово. Неколку дена пред настанот, членови од Националниот Ромски Центар на плоштадот и основните училишта во Куманово делеа промотивен материјал со информации за FARE мрежата, кои се нивните цели како и активностите кои НРЦ ги спроведе во текот на оваа Недела против Расизмот. Целта на овој натпревар беше да се промовира „Неделата против расизмот“ , за да се влијае врз намалување на предрасудите и стереотипите кои постојат.