Одиме во школо
Објавено во Кампања - Клучот е во наши раце од во Monday, 1 October 2007 во 10:36
Објавено во Кампања - Клучот е во наши раце од во Monday, 1 October 2007 во 10:36
Објавено во Кампања - Клучот е во наши раце and Соопштение за јавност од во Tuesday, 25 September 2007 во 12:11
Од оддржаната прес конференција на 18 септември 2007 во Скопје(НВО Инфо Центар).
Националниот Ромски Центар неколку години наназад преку своите активности се обидува да креира позитивни текови во рамките на едукативното прашање на Ромите. Тековите се однесуваат на поефикасно и помасовно присуство во училишниот и образовниот процес. На прашањето на инклузијата на ромските деца во образовниот систем НРЦ работи во Македонија, но и надвор во партнерство со европски ромски организации.
НРЦ се залага за целосна вклученост на ромските ученици во регуларното основно образование преку промоција на општествената одговорност за спороведување на образовната политика и елиминација или минимизирање на осипувањето на ромските ученици.
НРЦ, благодарение на поддршката од Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта, продолжува со кампањата која се реализира со основна цел:
Резултатите од досегашните анализи укажуваат на драстично зголемување на бројот на ромски ученици и на родителската свест, но од друга страна овие факти се соочуваат само со декларативно изјаснување на државната волја за соработка. Ветената социјална заштита во поглед на учебници и финансиската поддршка за секој новозапишан ученик отсуствуваат и оваа година.
Измените во законот за образование, воведувањето деветолетка и задолжително средно образование дополнително ја усложнува ситуацијата со образованието на Ромите. Доколку не се преземат дополнителни активности за поддршка на ромските ученици ќе се наруши позитивниот тек што се појавува последниве две години. Во спротивно ќе следува влошување на состојбата на полето на здравството, вработувањето, деликвенцијата, миграцијата…
Затоа НРЦ ги поддржува сите иницијативи за воведување на образованието на возрасни заради елиминирање на алармантната бројка од 173.000 неквалификувани работоспособни луѓе, меѓу кои голем број Роми.
НРЦ смета дека е потребна дистрибуција на вистинската информација за културата и историјата за Ромите, пред се меѓу наставниците и родителите. Тоа може да доведе до зајакнување на релацијата помеѓу сите родители и да иницира позитивна комуникација.
Она на што треба интензивно да се работи во иднина е креирање на политика и создавање услови за зголемен процент на ромски деца во градинките, овозможување детски додаток и за корисниците на социјална помош, воведување факултативна настава на ромски јазик од прво до четврто одделение, вработување на ромски наставен кадар кој во моментов се игнорира, заживување на стратешкиот план за отворање на катедра за ромски јазик, култура и историја.
Македонија, во поглед на прашањето на образованието на Ромите, треба да ги следи и да ги применува меѓународните искуства и практики, но и да се обврзе тоа да го спроведе во практика.
Кампањата е поддржана од Претседателот на Република Македонија, Премиерот, Министерството за образование и наука, Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на националностите, Бирото за развој на образование, Државниот Просветен Инспекторат, градоначалниците на градовите вклучени во кампањата.
Се надеваме на соработка за надминување на проблемите на Ромите во образованието и достигнување на европските стандарди. Сето тоа е значајно за нас Ромите, како и за сите граѓани на Македонија за влез во Европската унија и Евроатланските структури.
Со почит,
Национален Ромски Центар
Објавено во Кампања - Клучот е во наши раце од во Tuesday, 17 July 2007 во 10:28
Во период од 9 до 13 Јули тимот на НРЦ според планираните активности за имплементација на проектот Клучот е во наши раце, кампања за образование на Роми ги посети Ромите во 11 града во Р.Македонија. Штип, Кочани, Крива Паланка, Скопје, Велес, Виница, Прилеп, Битола, Куманово, Тетово и Кавадарци беа посетени од страна на координаторот на проектот, техничкиот асистент и тернескиот мотиватор.
За време на посетата заедно со медијаторите одговорни за работа со родителите на терен беа евидентирани низа на проблеми од различен карактер. Координаторот на проектот заедно со техничкиот асистент и теренскиот мотиватор дадоа дополнителни инофрмации по прашањата кои се појавија како проблем со кои се соочуваат Ромските медијатори на терен.
Беа реализирани неколку посети на ромските семејства, кои истовремено беа и интервјуирани. И покрај информациите дека во минатиот период доста е работено на оваа проблематика согледано е дека има ургентна потреба од посуштински пристап кон оваа прашање.
Теренската работа на медијаторите во координација на НРЦ и соработката со други Ромски НВОи ќе продолжи и понатаму, со цел за мотиврање, прифаќање и вклучување на ромските деца во образовниот систем.
Објавено во Кампања - Клучот е во наши раце од во Monday, 18 June 2007 во 15:21
Во рамките на кампањата “Клучот е во ваши раце” Националниот Ромски Центар во партнерство со Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта од 9 до 13 Јуни реализираше Тренинг за медијатори во Велес. Медијаторите ќе бидат ангажирани да бидат мост за соработка помеѓу ромските семејства, нивните деца како и релевантните институции (локалната самоуправа и училиштата), се со цел да се вклучат Ромските деца во основното образование како и нивно задржување во образовниот систем. Медијаторите ќе бидат ангажирани во 11 града во Р.Македонија: Куманово, Скопје, Прилеп, Крива Паланка, Кочани, Виница, Тетово, Битола, Штип и Кавадарци. Кампањата беше иницирана во 2006 година и се имплементираше во три града, а оваа година продолжува.
Проблемот на образованито е водечки фактор за недостатоците и проблемите со кои се соочува Ромската популација.
Процесите за подобрување на состојбата на овој план беа иницирани од значајни интелектуалци, НВОи, Ромски активисти, Владини институции, а од нашето поблиско минато се повеќе може да се види заинтересираноста за ромското прашање кај значајни личности кои лобираат за сензибилизирање на ромската проблематика. Хоакин Кортез, пејачката на Ваја кон Диос итн. се едни од поддржувачите.
Образованието е клуч кој е во наши раце, во рацете на сите нас, за подобра иднина, просперитет, и еднакво учество како рамноправни граѓани во македонската држава.
Националниот Ромски Центар и во иднина перманентно ќе информира за сите последователни активности.
Наша финална благодарност упатуваме до консултантската куќа за тренери БАСМЕ кои ја споделија својата експертиза за успешно релаизаирање на тренингот, како и до сите учесници на тренингот, а секако и благодарност до сите оние кои се пријавија како кандидати.
Кампањата од самиот почеток се реализира со поддршка на Претседателот на Р.Македонија, Премиерот, Министерството за образование (Управа за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците и Биро за развој на образование) како и Локалната самоуправа.
Објавено во Кампања - Клучот е во наши раце and Извештаи од во Monday, 29 January 2007 во 8:25
Водени од мотото дека образованието е клучот што ги отвора вратите кон подобар живот, Националниот Ромски Центар ја организираше Кампањата за образование на Ромите (Мобилизација на Ромските родители да ги пратат децата во редовни училишта) во периодот јануари - октомври 2006, со финансиска поддршка од Ромскиот Едукативен Фонд.
Состојбата на Ромите во образованието е причинско - последична врска каде што на секоја страна од триаголникот се наоѓаат родителите, училиштето и државните институции. Најважната страна сепак е онаа на родителите. Од нив зависи дали децата ќе бидат вклучат во образовниот процес и колку успешно ќе биде сторено тоа. Затоа и најважната работа на НРЦ во кампањата беше да работат со родителите.
За време на шестмесечната реализација на првиот дел од кампањата заклучивме дека ќе биде особено значајно да работиме со родителите на децата кои треба да се запишат во подготвителна година и прво одделение во учебната 2006/2007 година.
Според новите законските одредби, согласно законот за децентрализација „Основното образование трае девет години и, по правило, е задолжително за сите деца на возраст од шест до петнаесет години. Предучилишното образование е задолжително за сите деца. Предучилишното образование е во надлежност на општината, додека МОН е одговорно за образовните програми. Министерството за труд и социјална политика не е веќе надлежно за предучилишното образование“. Според новите одредби, распределбата на средствата кои што ги вклучуваат блок-дотациите се заснова на формула и се одредува во согласниот со фазите на фискалната децентрализација. Формулата се заснова врз бројот на учениците во основните и во средните училишта на територијата на општината.
НРЦ сметаше дека во претстојниот период ќе биде значајно да се работи со најмалите (на нивно интензивно вклучување во образовниот процес). Затоа во периодот Август - Октомври реализиравме три месечно продолжување на кампањата што ги опфаќаше ромските деца што требаше да се запишат во подготвителна година и прво одделение, како и нивните родители и сите околни фактори (училишта, институции, медиуми).
Генералниот заклучок е дека во однос на минатата година уписот на децата во прво одделение во Скопје, Прилеп и Куманово е зголемен за 50%. Од друга страна податоците на НРЦ укажуваат на податокот дека најмалку 1000 деца сеуште се надвор од образовниот процес.
За реализацијата на овие активности добивме поддршки од неколку општини, но сметаме дека особено значајна е поддршката што ја добивме од Филозофскиот Факултет во Скопје (досега претставниците од високото образование не покажуваа интерес за кампањските активности и покрај тоа што редовно беа информирани). Поддршките може да се проследат како Анекс 1.