Без училиште нема социјална помош
Објавено во Колумни од во Thursday, 11 January 2007 во 7:20
За родителите што нема да ги запишат децата в училиште, покрај досегашните казни се предвидува да им биде укината и социјалната помош, ако се корисници.
Социјално загрозените семејства ќе останат без парична помош од државата ако родителите не ги запишат децата во основното образование. Социјалната помош ќе се укине и за родителите што нема да ги запишат децата и во средното образование, ако тоа в година стане задолжително. Тоа е мерката за стимулација за целосен опфат на децата во образованието што ќе почне да се применува од идната учебна година.
Стимулативната мерка се предвидува да се вметне во новиот закон за социјална заштита, кој ќе го подготви Министерството за труд и социјална политика, а моментно на мерки за опфат на што повеќе деца во образованието работат и во Министерството за образование. Според статистичките податоци, социјална помош користат вкупно 65.960 домаќинства.
Социјално загрозените семејства што добиваат помош од државата, ќе продолжат да ја примаат ако децата ги запишат во училиште. Лекарското уверение дека детето ги примило сите неопходни вакцини за возраст кога тоа треба да почне на училиште и потврда од училиштето дека е запишано таму, ќе биде доказ дека детето е вклучено во образованието. Само така социјално загрозените семејства ќе може да продолжат да користат социјална помош - вели Жаклина Величковска, портпарол во Министерството за труд и социјална политика.
На 11.09.2006, во Мултимедијалниот центар Мала станица, во Скопје, Националниот Ромски Центар организираше проекција на документарен филм, во рамките на 