Наративен извештај - Парламентарни избори во Македонија 2006

Изборна кампања

Општи подготвителни активности

Национален Ромски Центар (НРЦ) како невладина организација работејќи на Ромското прашања за активно учество и интеграција на Ромите во општеството и заштита на правата на секој граѓанин ова беше активно вклучено во кампањата за парламентарните избори во Македонија 2006. Нашите напори за да се подобри состојбата на Ромите се фокусирани на едуцирање и мотивирање на Ромите да го зголемат нивото на учеството во образовниот систем и во сите форми на Ромска граѓанска партиципација во општеството.

Почнувајќи од јануари 2006 работејќи на подготовките за проектот да биде спроведен според планираното. Во поглед на нашата работа на проектот за овие парламентарни избори работевме за да ја вклучиме младата Ромска популација како активни граѓани во општеството, да се подигне нивото на свесност кај популацијата за да се образува за правото на глас како човеково право и обврска. Од друга страна користејќи го правото на глас Ромите можат да бидат еднаков и легитимен дел од општеството исто така. Наша цел за спроведените активности на проектот беше да се помогне Ромската интеграција во општеството низ спроведување на мотивација и едукација за изборниот процес за да се зголеми нивото на учеството на Ромите. (more…)

Извештај од прес конференција

РОМСКА КАМПАЊА ЗА ИЗБОРНА ЕДУКАЦИЈА „Џан”

ИГРАЈТЕ ФЕР ЗА ФЕР ИЗБОРНО УЧЕСТВО

Националниот Ромски Центар денеска одржа прес конференција во НВО Инфо центарот во Скопје, при што беше презентирана предизборната кампања наречена Џан (во превод знај, оди). Кампањата има за цел да ги едуцира и мотивира Ромските гласачи да излезат да гласаат на 5 Јули 2006 година.

Изборниот процес е важен момент каде што слободата на изразување и волјата на граѓаните ТРЕБА ДА биде почитувана, а промоцијата на взаемното разбирање, толеранцијата и подигањето на свеста дека Ромите треба да бидат еднакви учесници во овој процес ТРЕБА ДА БИДЕ ФАКТ, потенцираше координаторот на кампањата Ашмет Елезовски.

За учеството на жената во изборниот процес, за улогата на членовите како едукатори на жената Ромка како рамноправен учесник и гласач, како и за учеството на членови на Здружението на жените Ромки-Есма набљудувачи за време на изборите, зборуваше Кевсера Мемедова, претседателка на ова здружение.

Елезовски ги повика сите граѓани за активно учество за време на парламентарните избори укажувајќи на потребата од заедничко согледување на важноста на изборниот процес, на кој, како што посочи тој не треба да се гледа како на настан. (more…)

Кампања за изборна едукација на Ромите во Македонија „Džan“

Фер-плеј игра за фер учество

Националниот Ромски Центар од Куманово ја организира кампањата Џан (превод: оди, знај) со цел да се зголеми степенот на учество на Ромите во сите форми на граѓанска партиципација во општеството. Организацијата ќе работи на едукација и мотивација на Ромските гласачи за учество во изборниот процес на Парламентарните избори во Македонија. Кампањата се организира со поддршка од Roma Participation Program од Будимпешта.

Преку работната програма и пропагандниот материјал со основни упатства, сакаме да пренесеме порака да престане манипулацијата со гласовите на Ромските гласачи. Нашата идеја е да промовираме толеранција и фер избори низ фудбалски натпревари што ќе бидат организирани како дел од нашата кампања. Натпреварите ќе бидат начин младите Роми да се најдат во ситуација каде што ќе промовираат фер-плеј како начин за промоција на одговорноста за учество во изборниот процес. (more…)