Посета на амбасадорот на Р. Словенија
Објавено во Информации од во Friday, 29 January 2010 во 15:31
Амбасадорот на Р. Словенија, Н.Е. Ален Брајан Бергант оствари работна посета на Националниот Ромски Центар. Тој беше информиран за тековните активности на НРЦ, како и плановите за идните дејности.
Амбасадорот ја потврди соработката со Националниот Ромски Центар од 2008 година, од претседателството на Словенија со Европската Унија. Тој го изрази неговото задоволство за напредокот на НРЦ, пред се во областа на образованието.
На средбата беа разгледани можни иницијативи за соработка што ќе треба да се конкретизираат во блиска иднина. Амбасадорот ја потенцираше неговата увереност во можностите за соработка со НРЦ преку реализација на заеднички активности.
Национален Ромски Центар очекува соработката со Амбасадата на Република Македонија да продолжи и во иднина и смета дека напредокот на Ромите на сите нивоа ќе и помогне на Македонија во процесот за влез во Европа. „НРЦ е сервис за граѓаните“, потенцираше Ашмет Елезовски, менаџер на Националниот Ромски Центар, „и ќе продолжи и во иднина да дејствува во корист на граѓаните, креирајќи позитивен правец во ромската проблематика.“
Пред вас е новиот број на магазинот ЕДНО со реден број 7 со најновите содржини кои ги третираат и опфаќаат актуелните прашања во Македонското општество во областа на образованието, социо-економските проблеми, како и пречките и проблемите кои го попречуваат севкупното интегрирање на Ромската заедница во со процесите на споменатите области но и сеопштото интегрирање во сите општествени збиднувања.
Со задоволство ве информираме дека на 26-ти јануари во Арт Кафе - Мултимедијалниот центар Мала станица, во Скопје организиравме промоција на
Магазинот го подготвивме со цел да согледаме (1) во која насока се движи образованието на Ромите, (2) како да се интензивира комуникацијата меѓу училиштата и родителите и (3) на кој начин да се задржат ромските ученици во образовниот процес. Магазинот ќе се дистрибуира во сите основни училишта и образовни институции во 15-те градови каде што се реализира кампањата (Куманово, Скопје, Прилеп, Битола, Кочани, Штип, Тетово, Кр. Паланка, Велес, Гостивар, Кавадарци, Виница, Делчево, Берово и Кратово). 