НРЦ учествуваше на Самитот за Ромите на ЕУ

На 16 септември 2008 година, се одржа за Европската Комисија првиот Самит за Ромите во ЕУ, во Брисел, под заедничко покровителство на Претседателот на Европската Комисија, Хозе Маануел Баросо и француското претседавање со Советотот на Европската Унија. Ашмет Елезовски и Себихана Скендеровска учествуваа на Самитот како претставници на НРЦ.

Целта на Самитот е да се промовираат одржливи заложби за да се соочиме со конкретните проблеми и да се создаде подобро разбирање на состојбата на Ромите во Европа.

„Европската Комисија повика да се превземат заеднички чекори од страна на ЕУ и нејзините земји членки за да може Ромите да влезат во општествените текови. Се повикуваат националните влади да направат чекори за да им помогнат на Ромите при пристапот до училиштата, домувањето, вработувањето и здравствените услуги.

На Самитот зедоа учество нас 400 луѓе, меѓу кои имаше ромски активисти и ромски лидери. Целта беше:

Денот на дрвото

Денот на дрвото - засади ја својата иднинаПо повод на големата акција под мото Денот на дрвото – Засади ја својата иднина (2,4 милиони дрвца засадени во Република Македонија) која е беше реализирана на 12 март 2008 подржана од Владата на Република Македонија, локалната власт, уметници, граѓани на Република Македонија, при пошумување на реонот во Куманово - село Челопек активистите на Националниот Ромски Центар активно зедоа учество.

Средба со Комесарот за Човекови права во Советот за Европа г-дин Томас Хамарберг

На 25 фебруари 2008 год во Информативната канцеларијата на Советот на Европа во Р.Македонија, претаставници на Национален Ромски Центар од Куманово и други НВО и беа поканети да учествуваат на состанок со г-дин Хамарберг.

На состанокот г-дин Хамарберг покажа голема заинтересираност за појавите на дискриминација кои се применуваат врз Ромите во Р.Македонија, жените Ромки, статусот на бегалците Роми од Косово, а воедно побара и предлози на кои институции да им обрне внимание. Од наша страна му беше посочено да интервенира до раководечките структури на Владата, Министерството за Правда. Министерството за Внатрешни работи,

Како делегати на ЕРТФ и претставници на НРЦ на состанокот му кажавме дека Ромите се најмаргинализирана група во Р.Македонија и дека дискриминацијата како проблем егзистира. Најслаба алка во легалниот ситем на Р.Македонија беше истакнато дека е непостоењето на анти-дискриминативен закон како и нееднаквата имплементација на Охридскиот рамковен договор.

Нашето мислење и препораки ќе ги содржи следниот документ.

(more…)

НРЦ на минута со медиумите

Во среда, 20-ти февруари, со почеток во 19.00 часот, во Хотел Бест Вестерн (ресторан Ројал), во градот Скопје, Националниот Ромски Центар, организираше средба со новинари - главните и одговорните уредници на медиумите и информативните редакции во Република Македонија .

На неформалната коктел-средба, беа разменети информации и идеи, кои ќе обезбедат можност да се создадат врски за успешна соработка во заедничкиот третман на проблемот со вклучување на Ромите во општествените и образовните процеси во Република Македонија.

Средбата продуцираше заеднички заклучок дека постои неопходност од ангажирање на медиумите во актуелизирање и третирање на проблемот за вклучување на Ромите во општествените и образовните процеси.

Медиумите ја изразија својата подготвеност во соработка со Национален Ромски Центар да се залагаат за конструктивен пристап и информирање во третирањето на Ромската проблематика.

Во периодот што е пред нас НРЦ според предвидениот план и програма ќе настапи во јавноста со конкретни анализи и елаборации на податоците од повеќемесечната работа на терен низ 11 градови во Р.Македонија.

Средбата беше организирана во рамките на кампањата за образование на Ромите во Македонија „Клучот е во наши раце“ . Активностите продолжуваат со континуиран интензитет во соработка и подршка од државните институции.

(more…)

Зајакнување на ромската жена, зајакнување на ромската заедница

Во вторник, на 18-ти декември, во Мултимедијалниот центар Мала станица, во Скопје, Националниот Ромски Центар организираше проекција на документарниот филм „Зајакнување на ромската жена, зајакнување на ромската заедница“.

Документарниот филм е придонес кон надминување на проблемот со личната документација на жената Ромка во ромската и македонска зедница. Со овој филм НРЦ алармира за ситуацијата на овие жени кои живеат на маргините на општеството, без никакви права и слободи. Автор на филмот е Драган Антоновски, а продукцијата е на Националниот Ромски Центар.

Во воведниот дел од промоцијата зборуваше Ашмет Елезовски, проект менаџер на НРЦ и авторот на филмот, Драган Антоновски. Специјален гостин на вечерта беше пратеничката во Европскиот Парламент, г-ѓа Елс де Гроен.

(more…)

« Previous PageNext Page »