Интервју со Владимир Милчин

Владимир Милчин

Владимир Милчин Ашмет Елезовски

Во куси црти за вас, биографијата и вашата тековна позиција!

Роден сум во Скопје, 1947 година. Завршив театарска режија на Академијата за театар, филм, радио и ТВ во Белград, 1970 година. Денес сум редовен професор по актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Од 1992 година сум Извршен директор во Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Се гордеам со својот придонес кон почетоците на Театарот „Пралипе“: ја селектирав за Аматерските драмски смотри првата претстава на Рахим Бурхан (ја играа на македонски), држев еден мал семинар во хангарите во Шутка, им сугерирав втората претстава да ја играат на ромски јазик. Како професор, се гордеам со тоа што имам две талетирани студентки Ромки, Санела (веќе дипломираше) и Емран (сега е на втора година).

Какво е вашето мислење за сегашнава ситуација во Р. Македонија за односот и третманот на државата (се разбира после многуте и долготрајни реформи на институциите и системските промени во државата) кон малцинствата и чувствителните групи?

Од една страна, чувствувам извесно задоволство поради тоа што Македонија во многу нешта, кога се работи за немнозинските заедници, е понапред од сите земји во нашето опкружување. Од друга страна, незадоволен сум поради тоа што мислев и се надевав дека Македонија ќе напредува побрзо во многу работи, вклучувајѓи ги тука и малцинствата и ранливите групи. Јасно е веднаш дека, како и во многу други држави, Ромите се најмаргинализираната немнозинска заедница во сите аспекти. Има многу причини за тоа, кои можат да бидат објасненување, но не и оправдување за државата и политиката.

(more…)

Интервју со Lívia Járóka

Lívia Járóka

Lívia Járóka

Вашето име и моментална позиција?

Ливија Јарока, Член на Европскиот Парламент од Унгарија.

Која е вашата политичка определба како член на Европскиот Парламент?

Јас сум член на FIDESZ (Hungarian Civic Union) и Групата на Европската Народната Партија и Европските Демократи и сум во Комитетот за Женски Права и Полова Еднаквост како заменик координатор за Групата на Европската Народната Партија и Европските Демократи, Комитетот за Граѓанска Слобода, Правда и Внатрешни Работи и Комитетот за Култура и Образование.

Ве молам опишите ги вашите преходни активности пред да станете МЕП (кратка биографија).

После добивање на диплома по социологија од Централниот Европски Универзитет од Варашава дипломирав и филозофија на Социјална Антропологија на Универзитетскиот Колеџ од Лондон. После добивањето на диплома по филозофија ги продолжив моите студии на иститот универзитет и го започнав мојот докторат насловен “Полиси на Етнички Идентитет помеѓу Ромите во Унгарија”. Активно учествувам во Унгарските и интернационалните граѓански Ромски движења во последиве 10 години.

(more…)