Зајакнување на ромската жена, зајакнување на ромската заедница
Објавено во Активности and Новости и случувања and Промоции and Информации од во Thursday, 20 December 2007 во 9:33
Во вторник, на 18-ти декември, во Мултимедијалниот центар Мала станица, во Скопје, Националниот Ромски Центар организираше проекција на документарниот филм „Зајакнување на ромската жена, зајакнување на ромската заедница“.
Документарниот филм е придонес кон надминување на проблемот со личната документација на жената Ромка во ромската и македонска зедница. Со овој филм НРЦ алармира за ситуацијата на овие жени кои живеат на маргините на општеството, без никакви права и слободи. Автор на филмот е Драган Антоновски, а продукцијата е на Националниот Ромски Центар.
Во воведниот дел од промоцијата зборуваше Ашмет Елезовски, проект менаџер на НРЦ и авторот на филмот, Драган Антоновски. Специјален гостин на вечерта беше пратеничката во Европскиот Парламент, г-ѓа Елс де Гроен.
Comments Off

