Играта е иста за сите!

PosterПо повод Неделата против Расизмот, Националниот Ромски Центар во соработка со FARE мрежата, која е подржана од фудбалската федерација UEFA, во сабота, 28.10.2006 организира фудбалски натпревар, на кој ќе учествуваат четири тима од нашиот град Куманово, од различни националности.

Натпреварот ќе започне во 10:00 часот во Спортската Сала, а пред започнувањето на натпреварот ќе има кратко дефиле низ градот. Дефилето ќе започне во 09:30, од просториите на Националниот Ромски Центар до Спортската Сала. За учесниците во натпреварот ќе има и освежителни пијалоци и сендвичи за играчите.

На натпреварот ќе има една ромска, една македонска и една албанска екипа и мешана екипа. Натпреварот се организира со цел да се промовира Неделата против Расизмот, за да се укинат предрасудите и стереотипите кои постојат помеѓу овие националности. Екипите ќе бидат составени од млади и младинци на возраст од 15-25 години.

Агенда

08:30 часот Собир на младите спортисти пред канцеларијата на НРЦ (Доне Божинов 11/5)

09:10 часот Почеток на парада низ градот почнувајќи спред следната маршута

Доне Божинов – кружен ток, движејќи се кон центарот на градот, поминувајќи низ плоштадот, усмерувајќи ја колоната кон улицата Иво Лола Рибар (Нагорички Сокак), поминувајќи покрај новиот зелен пазар, скренувајќи кон булаварот Октомвриска Револуција движејќи се кон Спортската сала.

10:00 часот Започнување и официјалното отварање, одржување на спортските натревари.

12:00 часот поделба на наградите и мала забава за сите учесници.

Доделени наградите на ООН за новинарство и фотографија

ООН секоја година доделуваат награди за остварувања на полсето на новинарството и фотографијата кои се однесуваат на прашањата поврзани со сиромаштијата. Оваа година наградите на ОН им беа доделени на авторите за нивните достигнувања на полето на новинарството и фотографијата, на церемонија која беше организирана денес ((24.10.2006), по повод денот на ОН.

Наградата за најдобра ТВ сторија прогласена од страна на Канцеларијата на постојаниот претставник на ОН, ја доби г-динот Драган Антоновски за документарниот филм „Клучот е во ваши раце“ по иницијатива на Национален Ромски Центар.

Документарниот филм за образованието на Ромите, како дел од кампањата „Клучот е во ваши раце“, беше прогласен за најдобро телевизиско остварување во рамките на меѓународната недела за борба против сиромаштијата, од страна на ОН во Македонија. Документарниот филм по иницијатива на Национален Ромски Центар од Куманово, финансиски подржан од страна на Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта, во режија на Драган Антоновски, во продукција на Порта ФМ ја доби првата награда за најдобро телевизиско остварување во борба против сиромаштијата. (more…)

НВО се залагаат македонските власти да ја истражат смртта на Трајан Беќиров

Ромско момче последен пат видено живо како го брка полицијата

16, Јуни, 2006, Будимпешта, Скопје. Европскиот Центар за Правата на Ромите (ЕЦПР) и Националниот Ромски Центар (НРЦ) испратија писмо до Др. Владо Бучковски, Премиер на Република Македонија изразувајќи сериозна загриженост за неодамнешната смрт на Ромското момче, Трајан Беќиров, барајќи од македонските власти да спроведат целосна, темелна и ефективна истрага. Копии од писмото се испратени до Г-ѓа Мери Младеновска Ѓорѓиевска, Министер за правда, Г-дин Љубомир Михајловски, Министер за внатрешни работи, и Г-дин Александар Прчевски, Јавен Обвинител на Република Македонија.

Седумнаесетгодишниот, Трајан Беќиров, за последен пат беше виден жив откако македонската полициска единица “Алфи” го бркале него и неговиот другар, Орхан Исени, на 11 мај 2006. Неговото тело беше откриено во реката Вардар во близина на селото Трубарево. Институтот за судска медицина спроведе обдукција, од која што сеуште не се познати резултатите. Соопштено е дека кривична истрага е започната, но до датумот на ова писмо, нема изнесено резултати во јавноста. Натписите во Македонија се пропратени со сензационални изјави, како што се наводите дека можеби се украдени делови од телото на Трајан Беќиров. Родителите на Трајан Беќиров сметаат дека првичната потера од страна на полицијата била со расни предрасуди. Тие исто така наведуваат анти-Ромски предрасуди присутни меѓу македонските власти. (more…)

« Previous Page