-
Извештај за проектот Легализација на Ромските домови – Македонија, прва фаза
Објавено на 22 February 2012
-
Институционална поддршка
Објавено на 17 January 2012
Целта на НРЦ е да се залага за надминување на локални, национални и интернационални потешкотии и бариери со кои се соочуваат Ромите и да продолжи да ги унапредува активностите во корист на Ромите во Македонија.
Нашата задача е да бидеме ромски глас во институциите на национално и интернационално ниво и да промовираме еднакво учество на Ромите во општеството. Продолжува…
-
Добар почеток
Објавено на 17 January 2012
Целта на „Добар Почеток“ програмата е поддршка на образование и грижа во рано детство, со фокусирање на фамилиите и заедниците додека се работи со институции.
Европската Унија ја поддржува имплементацијата на „Добар Почеток“ програмата која цели кон развивање на деца помеѓу 0 и 6 години. Продолжува…
-
Едно
Објавено на 17 January 2012
ЕДНО ќе биде присутно во македонскиот медиумски простор, како единствен медиум фокусиран на правата на Ромите, на сите маргинализирани групи, на сите заедници без разлика на националноста, вероисповеста, политичката припадност.
Магазинот ЕДНО се издава од декември 2008 година под мотото „едно образование за сите“. Во периодот до 2010 година се публикуваа месечни изданија кои беа финансирани од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта. Продолжува…
-
Вклучување и континуитет во образовниот процес
Објавено на 6 March 2011
Проектот е дизајниран за обраќање на проблемите со слабиот квалитет на образование и високата стапка на отпишување кај Ромите во основно образование со фокус на ученици од прво одделение.
Проектот „Вклучување и континуитет во образовниот процес“ е финансиран од Ромскиот образовен фонд.
Мисијата на проектот е целосна инклузија на ромските деца во редовно основно образование преку (а) подобар пристап до квалитетно образование за ромските ученици и (б) минимизирање или елиминирање на нивото на отпишување на ромските ученици. Проектот се имплементира во (1) Куманово, (2) Општина Гази Баба (Скопје), (3) Прилеп и (4) Штип. Продолжува…
-
Кампања за регистрација на Роми без лична документација
Објавено на 15 February 2011
Проектот ги посочува услугите кон ромската заедница, кои се однесуваат на итната и неопходна потреба од обезбедување на лични документи.
Националниот ромски центар структурно и систематски работи на прашањето на личната регистрација на граѓански статус на ромската заедница. НРЦ цели кон елиминирање на високите стапки на нерегистрирани во Македонија, помагајќи во процедури за аплицирање за регистрација со цел да им се овозможи активно да учествуваат во општеството. Продолжува…
-
Нееднаквости во здравството кон Ромките
Објавено на 7 February 2011
Со поддршка на Ромската здравствена програма (РЗП) од Будимпешта и Пресметливост и мониторинг – Здравствена Иницијатива (ПМЗИ) од Њујорк, oд декември 2010 НРЦ ја реализира проектната активност „Нееднаквости во здравството кон Ромките“.
Според стратешкиот план на НРЦ 2010-2015 една од областите во кои делува НРЦ е прашањето на здравствoто, со акцент на жените Ромки и здравствени нееднаквости со кои се соочуваат. Продолжува…