Објавено во Закон во акција
од NRC Аdministrator
во Tuesday, 14 November 2006 во 6:52
Организации за правата на Ромите даваат придонес за прегледот на интересите во Македонија пред органите на Обединетите Нации
Будимпешта, Куманово, Женева, 13 ноември 2006 година. Комитетот за економски, социјални и културни права при Обединетите Нации, денес ја разгледува усогласеноста на Македонија со Меѓународниот Пакт за економски, социјални и културни права (ICESCR). Во прилог на денешното расправање Европскиот центар за правата на Ромите (ERRC) и Национален ромски центар (НРЦ) поднесоа пишани коментари во кои се истакнати интересите за правата на Ромите во Македонија во областите опфатени со овој Меѓународен Пакт.
Извештајот на ERRC/НРЦ ги истакнува интересите за следниве области: (more…)
No Responses »
Објавено во Извештаи and Закон во акција
од NRC Аdministrator
во Tuesday, 14 November 2006 во 6:48
19 Септември 2006
Запишани коментари од Европски центар за правата на Ромите и Национален Ромски Центар
за поранешна југословенска Република Македонија
за разгледување од страна на
Комитетот за економски, социјални и културни права при Обединетите Нации
на 37та седница
- Преглед
- Европскиот центар за правата на Ромите (ERRC) и Националниот Ромски Центар (НРЦ) со почит доставуваат запишани коментари за поранешна југословенска Република Македонија (понатаму „Македонија“) за разгледување од страна на Комитетот за економски, социјални и културни права при Обединетите Нации („Комитетот“) на 37та седница која ќе се одржи од 6-24 ноември 2006 година во Женева. Овој извештај е поднесен како дополнителна информација за Комитетот и разгледувањето на првобитниот извештај на Македонија (понатаму „државен извештај“), поднесен во јули 2005 согласно со член 16 и 17 од Пактот.
- Во периодот на 2005-2006 година, организациите кои ги поднесуваат овие коментари беа вклучени во голем проект поддржан од Европската Унија преку CARDS програмата, кој помеѓу другото, вклучува и обука и документирање на човековите права, како и правно застапување на Ромите, жртви на дискриминација и други форми на злоупотреби на човековите права. Материјалите соберени во текот на овој проект обезбедија суштинска основа за овој поднесок. ERRC и лицата вклучени во НРЦ документираа случаи поврзани со човековите права, со кои Ромите во Македонија континуирано се соочуваат уште од 1997 година.
- Уставот на Македонија и амандманите усвоени во 2001 година како резултат на Охридскиот Рамковен договор (понатаму „Рамковен договор“), овозможуваат општа заштита од дискриминација и на граѓаните се гарантира слободно да го искажат својот политички статус и слободно да уживаат економски, социјален и културен развој. Ромите според Уставот на Македонија се признаени како етничко малцинство. Уставот гарантира заштита на етнички, културен и лингвистички идентитет на сите заедници. Покрај обврските на Македонија со меѓународните договори, како што е Пактот за економски, социјални и културни права, како и уставните и другите законски одредби кои гарантираат еднаквост, Ромите во Македонија живеат на маргините во општеството, често во екстремна сиромаштија и се соочени со значајни бариери во пристапот кон клучните економски и социјални права, како што се вработувањето, социјалната заштита, домувањето, здравствената заштита и образованието.
- Ромите во Македонија претрпуваат широка дискриминација како резултат на нивното етничко потекло. Покрај тоа, ромските жени претрпуваат „двојна неповолност“ како резултат на нивната етничка припадност и пол. Неколкуте спомнувања во државниот извештај на мерките кои се однесуваат на состојбата на Ромите, и покрај мноштвото показатели дека Ромите во Македонија се опфатени во најранливата група, видлив е и недостатокот на интерес и недостигот од потребна волја од страна на македонските власти за проблемите на Ромите да бидат опфатени на потребното соодветно ниво.
- Во последниве години, македонската Влада презеде некои позитивни чекори во врска со севкупната состојба на оваа екстремно маргинализирана заедница. На 31 јануари 2005 година, македонската Влада усвои Национална стратегија за Ромите во Македонија, која е дел од владиниот план за да се забрза интеграцијата и подобрувањето на општата состојба на ромската заедница во Македонија. Исто така, во февруари 2005 година македонската Влада, се приклучи кон иницијативата на повеќето земји во Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015, со дополнителни акциони планови усвоени во ноември 2005 година, за подобрување на пристапот на Ромите до соодветно образование, домување, здравствена заштита и вработување.
- Сепак, ромските и други заинтересирани организации и партии во Македонија често ги критикуваат овие мерки од следниве причини: а) отсуство на мерливи цели и акции во изречените планови кои ќе допринесат за нивната ефективност и б) недостаток на реална политичка волја да се имплементираат постојните мерки и да се подобри состојбата на Ромите.
- Тековното истражување и другите активности од страна на ERRC и НРЦ во Македонија во последниве години покажуваат дискриминација кон Ромите во клучните области на Пактот за економски, социјални и културни права, подготвеноста за овие прашања беше и остана главниот интерес во Македонија. Ова особено загрижува во насока на фактот дека македонската Влада не успеа да усвои сеопфатна законска анти-дискриминациона рамка со која Ромите може да бараат да ги обезбедат своите права и/или да ги оспорат злоупотребите кога ќе се појават.
- Овој извештај не сочинува сеопфатна проценка на сите проблеми со кои што се соочени Ромите во Македонија. Но сепак, опишува неколку клучни области на интересот за Ромите, поврзани со правата загарантирани во Пактот за економски, социјални и култури права. ERRC и НРЦ се надеваат дека овој извештај ќе помогне на Комитетот да добие поцелосна проценка на прашањата поврзани со Пактот и да обезбеди предлози од Комитетот како можни препораки до македонската Влада. (more…)
No Responses »