Зајакнување на ромската жена, зајакнување на ромската заедница

Во вторник, на 18-ти декември, во Мултимедијалниот центар Мала станица, во Скопје, Националниот Ромски Центар организираше проекција на документарниот филм „Зајакнување на ромската жена, зајакнување на ромската заедница“.

Документарниот филм е придонес кон надминување на проблемот со личната документација на жената Ромка во ромската и македонска зедница. Со овој филм НРЦ алармира за ситуацијата на овие жени кои живеат на маргините на општеството, без никакви права и слободи. Автор на филмот е Драган Антоновски, а продукцијата е на Националниот Ромски Центар.

Во воведниот дел од промоцијата зборуваше Ашмет Елезовски, проект менаџер на НРЦ и авторот на филмот, Драган Антоновски. Специјален гостин на вечерта беше пратеничката во Европскиот Парламент, г-ѓа Елс де Гроен.

(more…)

Проекција на документарен филм

Приказната на Васка Бајрамовска Мустафа

ПроекцијаНа 11.09.2006, во Мултимедијалниот центар Мала станица, во Скопје, Националниот Ромски Центар организираше проекција на документарен филм, во рамките на кампањата за образование на Ромите „Клучот е во ваши раце“.

Документарниот филм е придонес кон интензивно вклучување и прифаќање на ромските деца во образовниот процес. Автор на филмот е Драган Антоновски, а продукцијата е на продуцентското студио Порта ФМ-Скопје. Главното мото на филмот е Образованието е клуч кон интеграција и просперитет.

Приказната во филмот се развива преку личната исповед на Васка Бајрамовска Мустафа, која сега работи во канцеларијата на Народниот Правобранител на Македонија. Таа зборува за значењето на образованието во нејзиниот живот и покрај потешкотиите со кои се соочувала.

По официјалната промоција пред 70-на гости, филмот прв пат беше прикажан на Телевизија Сител на 01.10.2006 година и се подготвува за прикажување на повеќе локални телевизии, како и за пласирање надвор од државата.