9-та Недела на ФАРЕ против расизмот

Fare

По повод „Неделата против расизмот“ (16-28 октомври 2008), Националниот Ромски Центар во соработка со FARE мрежата, која е под д ржана од фудбалската федерација UEFA и Ф.К. Куманово – Еуроспорт, во петок, 24.10.2006, организираa спортски активности. На настанот зедоа учество деца и младинци од град од Куманово. Неколку дена пред настанот, членови од Националниот Ромски Центар на плоштадот и основните училишта во Куманово делеа промотивен материјал со информации за FARE мрежата, кои се нивните цели како и активностите кои НРЦ ги спроведе во текот на оваа Недела против Расизмот. Целта на овој натпревар беше да се промовира „Неделата против расизмот“ , за да се влијае врз намалување на предрасудите и стереотипите кои постојат.

Kонференција за образование на Ромите „Право и обврска“ - извештај

KonferencijaИзвештајот кој е пред вас претставува дополнување на податоците за ситуацијата на Ромските деца во образованието во Македонија. Наменет е за сите актери во образовните процеси кои се вклучени (или имаат намера да се вклучат) во акцијата за подобра состојба на Ромите во образованието.

Во ист момент извештајот може да помогне и на останатите како модел за поефикасно справување со моменталната состојба на ромските ученици во осно-вното образование.

Извештајот од конференцијата дава позитивни пораки и предлози за креирање и спроведување на поефикасна образовна политика и опфатеност на ромските ученици во основните училишта.

NRC-Konferencija-Prava-i-obvrski.pdf

Кампања за образование на Ромите (Мобилизација на Ромските родители да ги пратат децата во редовни училишта)

Евалуација

Вовед

Водени од мотото дека образованието е клучот што ги отвора вратите кон подобар живот, Националниот Ромски Центар ја организираше Кампањата за образование на Ромите (Мобилизација на Ромските родители да ги пратат децата во редовни училишта) во периодот јануари - октомври 2006, со финансиска поддршка од Ромскиот Едукативен Фонд.

Состојбата на Ромите во образованието е причинско - последична врска каде што на секоја страна од триаголникот се наоѓаат родителите, училиштето и државните институции. Најважната страна сепак е онаа на родителите. Од нив зависи дали децата ќе бидат вклучат во образовниот процес и колку успешно ќе биде сторено тоа. Затоа и најважната работа на НРЦ во кампањата беше да работат со родителите.

За време на шестмесечната реализација на првиот дел од кампањата заклучивме дека ќе биде особено значајно да работиме со родителите на децата кои треба да се запишат во подготвителна година и прво одделение во учебната 2006/2007 година.

Според новите законските одредби, согласно законот за децентрализација „Основното образование трае девет години и, по правило, е задолжително за сите деца на возраст од шест до петнаесет години. Предучилишното образование е задолжително за сите деца. Предучилишното образование е во надлежност на општината, додека МОН е одговорно за образовните програми. Министерството за труд и социјална политика не е веќе надлежно за предучилишното образование“. Според новите одредби, распределбата на средствата кои што ги вклучуваат блок-дотациите се заснова на формула и се одредува во согласниот со фазите на фискалната децентрализација. Формулата се заснова врз бројот на учениците во основните и во средните училишта на територијата на општината.

НРЦ сметаше дека во претстојниот период ќе биде значајно да се работи со најмалите (на нивно интензивно вклучување во образовниот процес). Затоа во периодот Август - Октомври реализиравме три месечно продолжување на кампањата што ги опфаќаше ромските деца што требаше да се запишат во подготвителна година и прво одделение, како и нивните родители и сите околни фактори (училишта, институции, медиуми).

Генералниот заклучок е дека во однос на минатата година уписот на децата во прво одделение во Скопје, Прилеп и Куманово е зголемен за 50%. Од друга страна податоците на НРЦ укажуваат на податокот дека најмалку 1000 деца сеуште се надвор од образовниот процес.

За реализацијата на овие активности добивме поддршки од неколку општини, но сметаме дека особено значајна е поддршката што ја добивме од Филозофскиот Факултет во Скопје (досега претставниците од високото образование не покажуваа интерес за кампањските активности и покрај тоа што редовно беа информирани). Поддршките може да се проследат како Анекс 1.

(more…)

Размислувања за извештаите поднесени од државите членки врз основа на член 16 и 17 на Конвенцијата

Заклучни забелешки на Комитетот за економски, социјални и културни права

Поранешна југословенска Република Македонија

  1. Комитетот за економски, социјални и културни права го разгледа првиот извештај од страна на поранешна југословенска Република Македонија за имплементацијата на Меѓународниот Пакт за економски, социјални и културни права (E/C.12/MKD/1), на 42-та, 43-та и 44-та средба, одржана на 13 и 14 ноември 2006 година (E/C.12/2006/SR.42-44), и ги усвои следниве заклучоци на 56-та средба одржана на 22 ноември 2006 година.

А. ВОВЕД

  1. Комитетот го поздравува поднесувањето на првиот извештај од државата членка, иако доцни, но кој е подготвен во согласност со упатствата, и врз основа на пишаните одговори на листата прашања.
  2. Комитетот го поздравува отворениот и конструктивен дијалог со делегацијата на државата членка, во која беа вклучени експерти од различни владини органи, како и добро поставени и искрени одговори на прашањата поставени од страна на Комитетот.

(more…)

Извештај до Комитетот за економски, социјални и културни права при Обединетите Нации

19 Септември 2006

Запишани коментари од Европски центар за правата на Ромите и Национален Ромски Центар
за поранешна југословенска Република Македонија
за разгледување од страна на
Комитетот за економски, социјални и културни права при Обединетите Нации
на 37та седница

  1. Преглед
    1. Европскиот центар за правата на Ромите (ERRC) и Националниот Ромски Центар (НРЦ) со почит доставуваат запишани коментари за поранешна југословенска Република Македонија (понатаму „Македонија“) за разгледување од страна на Комитетот за економски, социјални и културни права при Обединетите Нации („Комитетот“) на 37та седница која ќе се одржи од 6-24 ноември 2006 година во Женева. Овој извештај е поднесен како дополнителна информација за Комитетот и разгледувањето на првобитниот извештај на Македонија (понатаму „државен извештај“), поднесен во јули 2005 согласно со член 16 и 17 од Пактот.
    2. Во периодот на 2005-2006 година, организациите кои ги поднесуваат овие коментари беа вклучени во голем проект поддржан од Европската Унија преку CARDS програмата, кој помеѓу другото, вклучува и обука и документирање на човековите права, како и правно застапување на Ромите, жртви на дискриминација и други форми на злоупотреби на човековите права. Материјалите соберени во текот на овој проект обезбедија суштинска основа за овој поднесок. ERRC и лицата вклучени во НРЦ документираа случаи поврзани со човековите права, со кои Ромите во Македонија континуирано се соочуваат уште од 1997 година.
    3. Уставот на Македонија и амандманите усвоени во 2001 година како резултат на Охридскиот Рамковен договор (понатаму „Рамковен договор“), овозможуваат општа заштита од дискриминација и на граѓаните се гарантира слободно да го искажат својот политички статус и слободно да уживаат економски, социјален и културен развој. Ромите според Уставот на Македонија се признаени како етничко малцинство. Уставот гарантира заштита на етнички, културен и лингвистички идентитет на сите заедници. Покрај обврските на Македонија со меѓународните договори, како што е Пактот за економски, социјални и културни права, како и уставните и другите законски одредби кои гарантираат еднаквост, Ромите во Македонија живеат на маргините во општеството, често во екстремна сиромаштија и се соочени со значајни бариери во пристапот кон клучните економски и социјални права, како што се вработувањето, социјалната заштита, домувањето, здравствената заштита и образованието.
    4. Ромите во Македонија претрпуваат широка дискриминација како резултат на нивното етничко потекло. Покрај тоа, ромските жени претрпуваат „двојна неповолност“ како резултат на нивната етничка припадност и пол. Неколкуте спомнувања во државниот извештај на мерките кои се однесуваат на состојбата на Ромите, и покрај мноштвото показатели дека Ромите во Македонија се опфатени во најранливата група, видлив е и недостатокот на интерес и недостигот од потребна волја од страна на македонските власти за проблемите на Ромите да бидат опфатени на потребното соодветно ниво.
    5. Во последниве години, македонската Влада презеде некои позитивни чекори во врска со севкупната состојба на оваа екстремно маргинализирана заедница. На 31 јануари 2005 година, македонската Влада усвои Национална стратегија за Ромите во Македонија, која е дел од владиниот план за да се забрза интеграцијата и подобрувањето на општата состојба на ромската заедница во Македонија. Исто така, во февруари 2005 година македонската Влада, се приклучи кон иницијативата на повеќето земји во Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015, со дополнителни акциони планови усвоени во ноември 2005 година, за подобрување на пристапот на Ромите до соодветно образование, домување, здравствена заштита и вработување.
    6. Сепак, ромските и други заинтересирани организации и партии во Македонија често ги критикуваат овие мерки од следниве причини: а) отсуство на мерливи цели и акции во изречените планови кои ќе допринесат за нивната ефективност и б) недостаток на реална политичка волја да се имплементираат постојните мерки и да се подобри состојбата на Ромите.
    7. Тековното истражување и другите активности од страна на ERRC и НРЦ во Македонија во последниве години покажуваат дискриминација кон Ромите во клучните области на Пактот за економски, социјални и културни права, подготвеноста за овие прашања беше и остана главниот интерес во Македонија. Ова особено загрижува во насока на фактот дека македонската Влада не успеа да усвои сеопфатна законска анти-дискриминациона рамка со која Ромите може да бараат да ги обезбедат своите права и/или да ги оспорат злоупотребите кога ќе се појават.
    8. Овој извештај не сочинува сеопфатна проценка на сите проблеми со кои што се соочени Ромите во Македонија. Но сепак, опишува неколку клучни области на интересот за Ромите, поврзани со правата загарантирани во Пактот за економски, социјални и култури права. ERRC и НРЦ се надеваат дека овој извештај ќе помогне на Комитетот да добие поцелосна проценка на прашањата поврзани со Пактот и да обезбеди предлози од Комитетот како можни препораки до македонската Влада. (more…)

Next Page »