Промовиран прирачник за спречување и заштита од дискриминација

6 мај 2010, Национален Ромски Центар Ве известува дека денес во организација на Министерство на образование и наука се одржа прес конференција за медиуми на која официјално беше промовиран Прирачникот за спречување и заштита од дискриминација во воспитно- образовниот процес во Република Македонија. Прирачникот произлезе како заедничка активност на Министерството за образование и наука, невладината организација Национален Ромски Центар и Ромскиот образовен фонд од Будимпешта, во рамките на проектот „Кампања за образование на Ромите (вклучување и континуитет на образовниот процес)“ финансиски поддржанa од Ромскиот Образовен Фонд.

Press
(more…)

Меѓународен ден на Ромите и вториот Ромски Самит во Кордоба, 8-9 Април Шпанија

Македонија, 8ми април 2010 - Национален Ромски Центар (НРЦ) по повод Меѓународниот ден на Ромите потенцирајќи ја итноста и важноста за подобрување на состојбата на ромската заедница повикува кон реални и видливи акции. Сведоци сме дека од сегашна перспектива и димензија Ромите се обидуваат да преживеат со постојано влошување на социо-економската состојба, стереотипи, предрасуди, дискриминација, недостаток на мерки за зачувување на културниот и јазичниот идентитет. Многу иницијативи беа покренати и формално подржани, но сепак имаме видлив јаз и треба да одлучиме - Дискриминација или инклузија?

Одреден број на Роми сеуште се лица без граѓански статус, без лична карта, кои немаат ниту можност да бараат пристап до институционална заштита, немаат пристап до здравствени услуги, социјална заштита.

НРЦ истакнува дека во областа на вработувањето ромската заедница е сеуште на дното на лествицата, што битно влијае на социо-економската состојба на ромските семејства како бариера за пристап до останатите права. Ромската заедница е недоволно и нерамноправно вклучена во пазарот на трудот. Трендот на невработеноста најрапидно продолжува да расте кај Ромите.

НРЦ изразува загриженост и за фактот дека повеќето ромски семејства живеат во субстандардни услови во урбани средини, не постои национална дата база и мапирање на ромските населби и нелегалните градби, досега не се вложени средства за инфраструктура во ромските населби, не постојат средства за обезбедување на домување кои исполнуваат минимум стандарди.

Субстандарните услови за живот, потешкотии во пристапот до здравствената заштита и здравствените услуги, недоволна информираност и недоволна превентивна заштита, највисока стапка на смртност на доенчиња, се одлики на реалната слика за прашања поврзани со здравството и ромската заедница.

Образованието е светла точка во стратешките определби на Р.М за подобрување на состојбата на Ромите и нивна инклузија во општеството. Тука е забележан позитивен исчекор со зголемено вклучување на децата во образование, со позитивна клима во училиштата, со стипендирање на ученици и бесплатни учебници. Но сепак недостасува континуитет во обезбедување на квалитетно образование, недостасуваат мерки на локално ниво за спречување на сегрегација, проблемот со описменување сеуште не е започнат, родителите не се мотивираат за поголема соработка со училиштата.

Забележано е зголемено медиумско известување за содржини поврзани со секојдневни проблеми со кои се соочени припадниците на ромската заедница. Македонија сеуште го нема усвоено законот за заштита од дискриминација како ефективен механизам за заштита.

Македонија во рамки на Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015 има одвоено 280 денари за секој Ром, дали е тоа доволно за да некој има дом, да се вработи, да се образува, да се лекува?

Што ни ветува Самитот во Кордоба? Дали Европската Комисија ги прифаќа Ромите за да се промовира себе си?

Во светлото на вториот ЕУ Ромски Самит кој ќе се одржи во Кордоба, Шпанија како заложба на ЕУ за најголемото 12 милионско ромско малцинство во Европа. Првиот Самит 2008 година ни вети ургентни промени, интеграција, инклузија. НРЦ како учесник на тој самит ја подржа идејата за усвојување европска стратегија за Ромите, која подоцна беше промовирана само на ниво на платформа. Вториот по ред Ромски Самит ќе биде дефиле на мал број на политичари кои не се високо позиционирани во одлучувачките структури на ЕУ и без репрезентативна слика од квалитетни ромските претставници.

Дали Ромите и пошироката јавност знаат што се прави во нивно име во Кордоба?

Македонија и ЕУ мора да демонстрираат силна политичка волја и акција за подобрување и инклузија на Ромите.


За подетални информации:

Ашмет Елезовски

Катерина Шојиќ

Национален Ромски Центар
Доне Божинов 11/5
1300 Куманово

Тел.фах: +38931427558

Ел.пошта:
elezovski [at] nationalromacentrum.org
ksojic [at] nationalromacentrum.org
info [at] nationalromacentrum.org

1000 градови, 1000 животи

7 април 2010 година, Куманово, - Национален Ромски Центар (НРЦ) и се обраќа на јавноста по повод 7ми април, Светскиот ден на здравјето, кој се одбележува во чест на формирањето на Светската Здравствена организација како можност да се сврти вниманието на пошироката јавност кон значајни прашања од областа на здравјето како и секоја година, годинава се одбележува под мотото „1000 градови, 1000 животи“.

1000 градови : каде што ќе се отворат места за промоција на здравјето, без разлика на тоа дали ќе бидат организирани активности во паркови, градски сали, да се организираат кампањи за чистење или пак да се затворат улици за движење на моторни возила.
1000 животи: да се соберат 1000 приказни за урбаните здрави шампиони кои што имаат преземено акции и имаат значајно влијание на здравството во нивните градови.
(more…)

Насмевнете се, слободно!

 17 септември 2009 година, Куманово, - Национален Ромски Центар (НРЦ) ја известува јавноста и институциите по повод Светскиот ден на орално здравје 12 септември и неделата на орално здравје кои за прв пат се одбележуваат во Македонија, како можност да се сврти вниманието на пошироката јавност кон значајни прашања од областа на здравјето и здравствената заштита.

Пораки по повод Светскиот ден на орално здравје беа упатени од страна на Министерството за здравство на Р.М и Македонско стоматолошко друштво. Цел е подигнување на националната свест за орално здравје кај сите граѓани.
Национален Ромски Центар се приклучи во одбележувањето на Светски ден на оралното здравје, 12 Септември, заедно со Светска Стоматолошка Федерација, Македонско Стоматолошко друштво и Министерство за здравство на Република Македонија.

(more…)

Соопштение за печат

7 април 2009 година, Куманово, - Национален Ромски Центар (НРЦ) ја известува јавноста и институциите по повод 7ми април, Светскиот ден на здравјето, кој се одбележува во чест на формирањето на Светската Здравствена организација како можност да се сврти вниманието на пошироката јавност кон значајни прашања од областа на здравјето секоја година, годинава се одбележува под мотото „Спаси живот! Безбедни болници во вонредни состојби“.

Светскиот ден на здравјето се прославува за да се одбележат заложбите и насоките за идните активности кои се приоритетна област. Светскиот ден на здравјето 2009 се фокусира на безбедноста и можностите на здравствениот систем и подготвеноста на здравствените работници да дејствуваат во итни и вонредни состојби.

Според Светската Здравствена Организацијаздравствените установи и здравствените работници се критична точка за ранливите групи во вонредна состојба – при повреди, превенција од болести, грижа за здравствените потреби. Камен темелник на примарната здравствена заштита во заедницата е – да се задоволат секојдневните потреби, како што се: безбедни породи, вакцинација и хронични болести за кои континуирано треба да се води грижа и во вонредни услови".

(more…)

Next Page »