Разгледување на можности за проактивно делување на локално ниво за (по)малите заедници

На ден 08.06.2016 година во просториите на единицата за локална самоуправа се одржа четвртиот состанок со преставници на општина Куманово. На состанокот присуствуваа Ашмет Османовски и Саша Николиќ- членови на советот на општина Куманово.

Проектниот тим го презентираа проектот и проектните активности како и целта од имплементација на проектот. Проектниот тим ја нагласи важноста од нивното присуство во планираните активности, со цел да се воспостават канали за комуникација помеѓу нив, локалните граѓански организации и припадниците на (по)малите заедници кои живеат во општина Куманово.

Преставниците на општина Куманово покажаа интерес за учество при реализација на проектните активности, вооедно ни понудија помош и соработка при процесот на имплементација на проектот, се со цел да се зајакнат капацитетите за подобрување на учество на (по)малите заедници кои живеат во општина Куманово.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

08.06.2016 (2) 08.06.2016 (3)

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*