Разгледување на можности за соработка и проактивно делување на локално ниво за (по) малите заедници

На ден 08.08.2016 година во просториите на единицата за локална самоуправа се одржа состанок со Градоначалникот на општина Тетово. На состанокот присуствуваа Градоначалникот на општина Тетово, Г-ѓа Теута Арифи и проектниот тим.

Целта на оваа работна средба беше претставување на проектот, проектните активности и разгледување на можности за идна соработка за подобрување на учеството на (по)малите заедници кои живеат во општина Тетово .

Градоначалникот рече дека се што ни е потребно во врска со имплементација на проектот и соработка со граѓанските организации во општина Тетово ќе комуницираме и соработуваме со претставник на општината кој работи со граѓанскиот сектор и дека општината е отворена за соработка.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*