Проект „Спречување на дискриминација кон ромските деца

 

Здружение Национален ромски центар од Куманово во соработка со парнерска организација Паблик од Скопје во рамките на проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца„ финансиран од Делегација на Европска Унија објавува:

Јавен повик за пријавување на обука за „Заштита и спречување на дискриминација кон ромските деца” која ќе се одржи на 20, 21 и 22 декември во хотел „Астера Апартментс”, Скопје

За потребите на обуката ќе бидат селектирани најмногу 25 учесници.

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  1. Претставници од здруженија на граѓани кои работат во полето на зајакнување на правата на Ромите и заштита на човекови права во општините Куманово, Кр. Паланка, Штип, Кочани, Кичево и Прилеп.
  2. Локални активисти кои работат во полето на зајакнување на правата на Ромите и заштита на човекови права во општините Куманово, Кр. Паланка, Штип, Кочани, Кичево и Прилеп.

Главна цел на обуката е:

  1. Зајакнување на капацитетите за најновите меѓународни и регионални развои за заштита на правата на малцинствата, националната политичка и стратегиска рамка за заштита на фундаменталните човекови права, права на детето и заштита и спречување на дискриминација,
  2. механизми за заштита од дискриминација, институции одговорни за заштита на човекови права,
  3. препознавање и идентификација на случаи на дискриминација,
  4. вештини за комуникација со социјално ранливи категории на граѓани;

Заинтересираните кандидати треба да ја пополнат пријавата објавена на www.nationalromacentrum.org и да ја испратат до [email protected], [email protected] најдоцна до 12.12.2017 година до 15.30 часот.

Организацијата има обврска да ги информира само селектираните кандидати.

Некомплетна и ненавремено доставена пријава нема да биде земена во предвид во процесот на селекција.

Пријава Download

Screen Shot 2017-12-05 at 3.45.39 PM

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*