Националниот ромски центар во партнерство со здружението Паблик од Скопје од почетокот на имплементација на проектот „Спречување на дискриминацијата кон децата роми“ поддржан од Делегацијата на Европска унија, реализира средби за соработка и координација.

Од почеток на имплементација на проектот беа остварени средби со: Институцијата Народен Правобранител на Република Македонија, Комисијата за заштита од дискриминаци, граѓанските здруженија и локалните ромски активсти за човекови права  кои делуваат на полето за заштита од дискриминација во општините Куманово, Крива Паланка, Штип, Кочани Кичево и Прилеп.

Како главна цел на средбите беше да се презентираат проектните активности и главната цел на проектот. Исто така и да се оствари соработка помеѓу институциите кои работат во поле на дискриминацијата, невладините организации и ромските активисти  преку  консултации, координации  и поддршката да идентификуваат, регистрираат и помогнат при процесуирање на случаеви на дискриминација и заштита на правата на Ромите.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение Паблик, Скопје и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

20170714_105254

DSC_0049

DSC_0076_2

DSC_0084

DSC_0088_2

DSC_0104

DSC_0136

DSC_0624

DSC_0634

DSC_0748

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*