Мрежата и активистите на втората средба за заштита од дискриминација

По точно 5 месеци на 26.09.2018 година во Велес, мрежата и активистите како и претставниците на локални граѓански здруженија се состанаа на втората средба за заштита од дискриминација во рамките на проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“.

На втората средба во неколку сесии пред учесниците се презентираше еден дел од случаите на кои НРЦ заедно со мрежата работеа во изминатиот преиод. Презентираните случаи со својата содржинска специфичност дадоа увид во суштината на правецот по кој се преземаат мерки преку извршување на бројни постапки во дадените случаи, чија цел е да ја прекинат или спречат дискриминацијата кон ромските деца во секоја сфера од фукционирањето на општеството и со тоа спречи изложувањето на ромските деца на понатамошни социјални и економски ризици. Со учесниците се дискутираше за изложените случаи како и за предизвиците кои би можеле да се појават при работењето со нови случаи во наредниот период.

Претставниците на граѓанските здруженија добитници на под-грант после презентацијата имаа картко излагање за завршната фаза од имплементацијата на нивните проекти. Помеѓу учеснците се споделија искуства и битни елементи од имплементацијата на проектите.

Во понудените содржини од состанокот учесниците имаа можност да добијат важни увиди од досегашното работење на проектот, да го зацврстат своето знаење во делот на идентификација на дискриминацијата кон ромските деца и со споделените искуства послесно да се соочат со предизвиците со нови случаи.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение Паблик, Скопје и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

DSC_0009

DSC_0015

DSC_0021

DSC_0051

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*