Напредни комуникациски вештини и соработка меѓу локални здруженија и локални власти

Успешно завршена трета, а воедно и последна работилница за напредни комуникациски вештини со претставници од граѓански здруженија и локални власти од општина Кочани која се одржа на 11 и 12 септември во хотел Алпина, Маврово.

На дводневната работилница учесниците имаа можност да ги збогатат своите знаења и вештини со напредни комуникациски вештини за активно и иновативно размислување, говор на тело и неформална игра на моќ и преку активно вклучување и вежби да научат како да ги препознаат однесувањата на луѓето во своето работното опкружување.

Работилницата ја спроведуваа двајца искусни обучувачи во соработка со проектниот тим.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

 

DSC_0340-800x600 DSC_0375-800x600 DSC_0381-800x600 DSC_0385-800x600 DSC_0419-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*