Здружение Национален ромски центар (НРЦ)  објавува „Повик за ангажирање на експерт за изработка на 6 документи за јавни политики“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1. Набавувач на услуги Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово, со седиште на ул. Доне Божинов  бр. 11/5, Куманово.

1.2. Предмет на барањето: Прибирање пријави за ангажирање на експерт за изработка на 6 документи за јавни политики

1.3.Здружение „Национален ромски центар“ од Куманово го  спроведува проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ со финансиска поддршка на We Effect.

Цели на проектот

Општа цел на проектот е подобрен социо-економски статус и социјална вклученост на жените Ромки во Северна Македонија

Специфични цели на проектот се:

1. Организациски развој на Националниот ромски центар (НРЦ) во родова рамноправност и вклучување на родовите аспекти во главните политики

2. Економско зајакнување на Ромите, со фокус на жени и девојки

3. Зголемување на пристапот до правда за жените Ромки, девојчињата и момчињата и застапувањето базирано на пристапот базиран на човекови права на локално и национално ниво

1.4. За потребите на проектот јавно го објавуваме ова барање преку својата интернет адреса: www.nationalromacentrum.org

Понудувачот со поднесување на оваа понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на  проектот 31.12.2020 година

1.5. Понудувачот треба да ги исполни следниве услови:

  • Завршено високо образование,
  • Минимум 5 годишно документирано работно искуство во застапување, подготовка и испорака на документи за јавни политики, стратегии, планови и други документи за застапување;
  • Темелно разбирање на процесите на креирање на јавни политики;
  • Познавање од локалните и националните документи како и акциски и стратешки документи поврзани со Роми, особено со правата на жената Ромка;
  • Познавање на меѓународните документи поврзани со правата на жената Ромка особено заклучните согледувања и препораките на Комисија за елиминација на дискриминацијата врз жените (CEDAW) за Република Северна Македонија
  • Познавање од теориски и локални практики за застапување пред институции и пошироката јавност;
  • Одлични аналитички и истражувачки вештини за пишување на документи за јавни политики;
  • Минимум 5 годишно работно искуство со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство со ромски граѓански организации, Роми/Ромки; или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет;
  • Дигитална писменост за користење на современи алатки за комуникација (Zoom, BlueJeans, и други)

2. Пријава

Понудувачот треба да достави:

  • Работна биографија со најмалку 3 референци релевантни за овој Повик;
  • Диплома за завршен факултет (копија);
  • Писмо за интерес со краток опис кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
  • Примероци од претходна работа за спроведени минимум 3 слични работни задачи во последните 5 години;
  • Методологија и временска рамка за изработка на документите за јавни политики
  • Изјава за минимум 5 годишно работно искуство во работа со граѓански организации и/или минимум 3 години искуство во работа со ромски граѓански организации, Роми/Ромки;и/или на прашања поврзани со Роми/Ромки;
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
  • Понудена бруто цена за ден со вклучени патни трошоци.

3. Опис на позиција:

Број на позиции: експерт за изработка на 6 документи за јавни политики

  • (1) позиција ако се пријавуваат физички лица со заедничка понуда
  • Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)

Времетраење:  16 работни дена (8 часа еден работен ден) во период јуни- септември 2020 година.

Работни задачи за потребите на проектот „Зајакнување на жени Роми во Република Северна Македонија“

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

Ангажманот вклучува имплементација на активности поврзани изработка на 6 документи за јавни политики користејќи го пристапот базиран на човекови права (HRBA) за адресирање на проблеми со кои се соочува ромската жена кои ќе бидат поврзани со најмалку 10 CEDAW препораки  за застапување пред пошироката јавност и институции како компонента во рамки на проектот „Зајакнување на жени Ромки во Република Северна Македонија“ во текот на 2020 година. Согласно проектните документи ангажманот ќе биде во период јуни –септември 2020 година.

Ангажманот е со следниве задачи и одговорности во проектот „Зајакнување на жени Роми во Република Северна Македонија”:

  • Изработка на 6 документи за јавни политики  користејќи го пристапот базиран на човекови права (HRBA) за адресирање на проблеми со кои се соочува жената Ромка со вклучени препораки за следење на заклучните согледувања и препораки на Комисија за елиминација на дискриминацијата врз жените (CEDAW) за Република Северна Македонија
  • Изработка на драфт верзија на 6 документи за јавни политики кои ќе бидат поврзани со најмалку 10 CEDAW препораки доставени до нарачателот на увид;
  • Изработка на финална верзија на 6 документи за јавни политики да бидат поврзани со најмалку 10 CEDAW препораки  за застапувањепред пошироката јавност и институции
  • За оваа активност е предвиден ангажман од 16 работни дена (буџетска ставка 3.2.2.1)
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот
  • Соработка и комуникација со жени и девојки Ромки
  • Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец time sheet  во рок од 5 дена по завршување на ангажманот
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка.  Исплата на две рати и тоа: прва рата во износ од 30% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена по склучување на договорот и втора рата 70% по завршување на ангажманот  и одобрување на доставен на извештај и time sheet.

4. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Критериум за избор на најповолен понудувач е квалитетот и личното искуство, цена, на понудувачот согласно бараните критериуми.

Работна биографија – 40 поени

Искуство и квалитет – 40 поени

Бруто цена за ден со вклучени патни трошоци– 20 поени

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следните адреси истовремено:[email protected]и [email protected] најдоцна до 03.06.2020 година до 16:00 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*