Во рамките на проектот „Зајакнување на ромската жена во РСМ” кој се имплементира со поддршка на We Effect, од 12-14 мај 2020 г. се одржа обука за комуникациска стратегија и алатки за застапување за жени и девојки Ромки. Обуката ја одржа обучувачот Весна Кардалевска, а учествуваа жени и девојки Ромки од Куманово, Кичево, Кочани, Штип, Прилеп и Велес.

Имплементација на стратегија и средства за застапување, пренесување на порака, алатки и канали за пренесување на пораките за застапување како и мониторинг и евалуација на стратегиите за застапување беа дел од агендата на обуката каде што учесничките имаа можност да ги зајакнат своите знаења и вештини со цел да поттикнат промена и влијание од средината од која доаѓаат.  

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*