Националниот ромски центар учествуваше на јавна дебата посветена на Предлог Закон за социјална заштита.
20 Март 2019 Собрание на Република Северна Македонија

Настанот беше организиран во врска со новиот Предлог Закон за социјална заштита на кој присуствуваа претставници на граѓански организации, Министерот за труд и социјална политика, пратеници, граѓани, при што дел од присутните имаа можност да го истакнат своето мислење задоволство или незадоволство.

Министерката за труд и социјална заштита рече дека законот е еден од трите законски регулативи од социјалната реформа со која се преобразува целото општесрво и начинот на кој државата се грижи за најранливите но и се воведува праведна распределува на средствата.

Од страна на претставниците на граѓанските организации беше развиена обемна дискусија во однос на предложените измени во делот на висината на износите кои се предвидени како социјални трансфери со новиот предлог закон.

54213626_256916878410621_4030941315419078656_n

Од здружението национален ромски центар Куманово, учество зедоа

Ивана Маринковска – Проектен координатор во Национален ромски центар – Куманово

Муарем Ќазимовски – Претставник од ромска заедница – Куманово

Себастијан Јакуп – Претатавник од ромска заедница -Куманово

Ашмет Елезовски – Национален ромски центар -Куманово кој даде допринос истакнувајќи го своето мислење во однос на Предлог Законот за социјална заштита.5376

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*