10 март 2020 година,

Националниот ромски центар (НРЦ) имаше работна посета од г-дин Иго БЕШТЕЛ, директор на Францускиот институт и советник за соработка и култура, заедно со г-ѓа Џули Маравал аташе за соработка,претставници од Амбасадата на Франција во Северна Македонија.

На средбата се посвети внимание за актуелната ситуација на Ромите. Се направи ретроперсектива на Ромскиот статус и ситуација во контекст на ромската историја, култура и образование за изминатите години, кое денес е со голем процент на различност, Ромите се запоставени.

Беа разменети информации поврзани со актуелната ситуација во Р.С.Македонија за време на Пандемијата, изборните процеси, пописот, идентитет, култура и бројност во градовите на земјата како и принудната миграција на Ромите и не Ромите, нивна интеграција во Европа.

Секој има право на барање на подобра иднина и живот.

Ромската политичката партиципација од независноста на земјата во највисокиот законодавен дом до пред неколку години имаше солиден допринос и Ромската заложба беше пример во целиот свет за постигнатите развојни нивоа: Ромски Пратеници, Министри, медиуми, Ромска општина, директори…..

Ромските активисти учесници во хронолошкиот развој на ромското движење во Р.С. Македонија допринесоа земјата да биде позитивен пример за позицијатат и статусот на Ромите Светот, допринесе за позитивен развој на ромското Европско движење. Ромски пратеници во Европскиот парламент, вработени роми во Европските институции, национални европски земји….

Но денес во земјата Ромската отсутност е видлива.

Се дискутираше за војната во Украина, посочено е дека секоја војна денес е причина за кризи и последици кои се тешки за надминување.

Сепак надеж и пораки позитивни за прекинување на воените дејствија ке бидат прифатени и применети за надминување на актуелната Светска социјално економска криза.

На средбата во име на НРЦ Ашмет Елезовски на г-дин, Иго Бештел Советник за соработка и култура и г-ѓа, Џулие Маравал Аташе за Соработка на Француската Амбасада во Скопје им се заблгодари за посетата и интересот за работата на организацијата НРЦ и актуелната ситуација на Ромите . Ова посета ке допринесе за позитивна енергија и видливост на Националниот Ромски Центар.

Соработката која е повеќе години се надеваме успешно ке продолжи за подобрување на граѓанскиот статус на сите со осврт на Ромите во Земјата.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*