DSC_0457

Согласно проектните активности во рамките на проектот „Социјална инклузија на Роми повратници и жители во Р.Македонија”, финансиран од We Effect од Шведска беше реализирано снимање за време на студиски кругови. Студиските кругови беа организирани во повеќе општини: Куманово, Кочани, Штип, Прилеп, Велес и Кичево. Учесниците во студиските кругови согласно метологијата самите си ги бираа темите на учење, па така во Куманово и Штип учеа за подготовка за традиционални ромски јадења. Во Кочани учеа да плетат со волница, во Прилеп изработуваа свадбени марамчиња, во Велес учеа за невладини организации и во Кичево изработуваа слики од срма. Видеото ќе биде со времетраење од 7 до 8 минути во изработка на Real Stories Lab од Скопје. Во следната објава ќе имате можност да го проследите видеото.

DSC_0459   DSC_0451 

DSC_0502   DSC_0443

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*