На 26.02.2019 година на покана на неговата екселенција господинот Кристијан Тимоние, Амбасадорот на Франција во Македонија, извршниот директор на Национален ромски центар, Ашмет Елезовски оствари средба со г-ѓа Натали Лоазо од Министерството за Европски прашања при Министерство за Европа и за Надворешни работи, која престојуваше во посета на државата со агенда за средба со Владата, политичките партии, како и со претставниците на граѓанските здруженија, партнери на Амбасадата. Министерката ја придружуваа Г-ѓа Марта де Сидрак, сенатор и претседател на групата за пријателство Франција-Западен Балкан, како и господин Бертран Сор, пратеник, претседател на групата за пријателство Франција-Северна Македонија. На настанот присуствуваа претставници на граѓанскиот сектор од сите етнички заедници. Г-ѓа Натали Лоазо зборуваше за позицијата на Франција со позитивна поддршка за приближување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Таа посочи дека Македонија чекори
во добра насока, но потребни се сериозни прилагодувања на повеќе регулативи и законски одредби за почитување на владеењето на правото. Сите учесници имаа можност да ја запознаат министерката со нивните погледи, потреби и ставови за состојбата во земјата. Ашмет Елезовски се заблагодари на континуитетот во отворената поддршка на Франција низа години кон нашата земја, а со тоа и за Ромите. Истото го потврди господинот Ален Ле Роа, Амбасадор на Франција, специјалниот претставник на делегацијата на ЕУ за Македонија во 2001-2002 за време на конфликтите со што се укажа на потребата од понатамошната соработка и вметнувањето на ромското прашање во агендата за инклузија на Македонија во ЕУ. Ашмет Елезовски укажа дека треба да се посвети внимание и заложба за Ромите на полето на вработување, домување и миграција разни форми на дискриминација за еднакви права според меѓународните документи и Уставот. Пораката до министерката беше почитување на комуникација, парципација, дијалог, размена на искуства за подобро утре на сите граѓани во земјата.Francuska delegacija u francusku rezidencijuFrancuska ministerkaPocetak na nastan u francusku rezidencijupocetak na nastanrazgovoritek na razgovori 1tek na razgovori 2tek na razgovori Ashmet u ime na NRC s minister za evropski prasanja od franciju

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*