-
Амбасадорката на Кралството Холандија Н.Е. Marriët Schuurman (Мариет Шурман) во посета на НРЦ
Објавено на 21 October 2011
Проблемите со кои се соочува ромската популација во Р. Македонија беа теми на дискусија помеѓу Амбасадорката на Кралството Холандија и тимот на НРЦ
НРЦ на средбата ги презентираше своите тековни и идни активности, а воедно даде свои видувања за актуелните случувања на тема миграции, човекови права, здравство и образование.
Амбасадорката беше заинтересирана за најгорливите проблеми со кои се соочуваат Ромите, колку ги уживаат правата во Македонија и како се справуваат во секојдневието.
Средбата се оддржа во просториите на Национален ромски центар, по иницијатива на НРЦ, а во присуство на амбасадорката Шурман, Мимоза Гугуловска, советничка за добро раководење и култура во Холандската Амбасада, Ашмет Елезовски, менаџер на НРЦ и тимот кој раководи со програмите на здружението.
Амбасадорката Шурман со богато дипломатско искуство пред три месеци дојде на местото на амбасадорката Симоне Филипини.



