Формални и неформални начини на соработка меѓу локални здруженија на граѓани и локални власти

Во хотел Театар на 27 и 28 март се одржа шестата а воедно и последната работилница за формални и неформални начини на соработка меѓу претставници од локални здруженија на граѓани и локалните власти.

На работилницата присуствуваат претставници од здруженија на граѓани припадници на ромската, албанската, турската, српската заедница како и претставници на општина Битола, претставници од училиштата, Фонд за здравствено осигурување и советот на општина Битола. Учесниците учествуваа во идентификување на специфични проблеми, предизвици и потреби на помалите заедници во општина Битола. Со работа во групи тие идентификуваа проблеми во делот на култура, образование, вработување, здравство, животна средина, лична документација, урбанизам и понудија конкретни решенија за нивно надминување.

На вториот ден од работилницата учесниците ги зајакнаа своите знаења и вештини во делот на комуникација, какви видови на комуникација постојат, начини за тоа како да препознаат нарушена соработка и решавање на несогласувања и конфликти при соработка.

Работилницата ја спроведуваа двајца тренери Зоран Стојковски и Станислав Петковски во соработка со проектниот тим.

****

Оваа публикација е изготвена со помош на Европската Унија. Содржината на публикацијата е единствена одговорност на Здружението Национален ромски центар (НРЦ), Куманово и партнерската организација Здружение на Роми АВЕНА, Кочани и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија.

IMG_0411-800x600 IMG_0402-800x600 IMG_0393-800x600 IMG_0390-800x600

 

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*