Промоција на документарни филмови подготвени на Буверо 2017

Националниот Ромски Центар организираше Форум „Ајде да зборуваме за дискриминација“ кој се одржа во Младинскиот Културен Центар „Козјак“ Куманово, со поддршка на Француската амбасада во Македонија и народниот правобранител, преку програмата на ЕУ, „Европа за граѓаните“ и Канцеларијата за Ромски Иницијативи Будимпешта.

На настанот премиерно беа прикажани двата документарни филма „Suno “ /Сон и „Amen sijam vash o nevipe “ /Ние сме промената, кои ги подготвија учесничките на годинешниов камп „Буверо“. Преку овој форум, присутните имаа можност да придонесат за подигање на свеста за намалување и спречување на дискриминацијата, нетрпеливоста, стеротипите, предрасудите, со цеол подобрување на соживот во Куманово и Македонија,

Пред присутните се обрати францускиот амбасадор во Македонија, Кристиан Тимоние кој истакна дека овој настан и насловот „Ајде на зборуваме за дискриминација“ е значаен, бидејќи девизата на Европа е заедничка за сите различности кои ги има.

„Треба да се напарават многу нешта, за да се евидентираат дискриминирачките политики, односно да се промовира политиката на различности.Затоа, сите заедно треба да им помогнеме на Ромите за да ги постигнеме заедничките цели“-рече Тимоние.

Народниот правобранител, Иџет Мемети, вели дека различноста не смее да биде хендикеп и да создава стеротипи, туку напротив, различностите треба да се сфатат како бенефит за развој на нашето општество.

„Само на таков начин со добра комуникација, можеме да одиме напред.“-рече Меџити.

На форумот во Куманово, присуствуваше и директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците во Македонија, Милутин Станчиќ, кој потенцираше дека Управата презела напори за да се отворат, како што рече „горчливите“ прашања и дека понатаму ќе преземат чекори во соработка со Министерството за образование за да се намали дискриминацијата кон ромското население.

Извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски рече дека форумот овозможува граѓаните, учениците, нивните родители, наставници и претставници од институциите заеднички работеле на спречување на дискриминацијата.

„Надлежните претставници од институциите упатија апел дека дијалогот, отворените информации се едни од начините како поефикасно да справиме со дискриминацијата во животот“-изјави Елезовски.

Претставникот од Управата потсети дека токму НРЦ го подготви прирачникот како документ на Министерството за образование, наменет за основното и средното образование.

На форумот преку документарните филмови младите Ромки од регионот, студентки и средношколки упатија порака дека сите се дел од заедницата, и сите имамат право без разлика на пол, вера, етничка припадност да се „борат“ против дискриминацијата. Форумот линковски беше пренесуван во живо преку социјалните мрежи. Наредниот период ќе следи промоција на документарен филм, со што ќе се допринесе за спречуавње на дискриминацијата со фокус на младите во мултиетничко Куманово и Македонија.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*