Здружението Национален Ромски Центар (НРЦ) од Куманово, заедно партнерските здруженија, Здружението за развој и унапредување на ромската заедница Романо Чачипе (Скопје), ИРИЗ – Иницијатива за развој и инклузија назаедниците (Скопје), Здружение за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. (Прилеп) , Центарот за современи уметности од Скопје и Фондацијата Отворено општество Македонија, во општина Куманово организираат Креативна уметничка акција за подобар пристап на бремените жени до гинеколошки услуги.

Креативната уметничка акција ќе се одржи на плоштадот „Нова Југославија“ во Куманово на 28.12.2020 г. (Понеделник) од 11:00 до 13:00 часот.

Ги покануваме сите граѓани, медиуми и заинтересирани да дојдат и да ја проследат акцијата.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*