Доделени наградите на ООН за новинарство и фотографија

ООН секоја година доделуваат награди за остварувања на полсето на новинарството и фотографијата кои се однесуваат на прашањата поврзани со сиромаштијата. Оваа година наградите на ОН им беа доделени на авторите за нивните достигнувања на полето на новинарството и фотографијата, на

церемонија која беше организирана денес ((24.10.2006), по повод денот на ОН.

Наградата за најдобра ТВ сторија прогласена од странана Канцеларијата на постојаниот претставник на ОН, ја доби г-динот Драган Антоновски за документарниот филм „Клучот е во ваши раце“ по иницијатива на Национален Ромски Центар.

Документарниот филм за образованието на Ромите, како дел од кам

пањата „Клучот е во ваши раце“, беше прогласен за најдобро телевизиско остварување во рамкит

е на меѓународната недела за борба против сиромаштијата, од страна на ОН во Македонија. Документарниот филм по иницијатива на Национален Ромски Центар од Куманово, финансиски подржан од страна на Ромскиот Едукативен Фонд од Будимпешта, во режија на Драган Антоновски, во продукција на Порта ФМ ја доби првата награда за најдобро телевизиско остварување во борба проти

в сиромаштијата.

Во документарната приказна се направени повеќе интервјуа со познати и образовани Роми од Македонија и странство: Nicholae Gheorghe (OSCE ODIHR), Rudko Kawzynski (ERTF), Мартин Демировски (асистент во Европскиот Парламент), Шаип Јусуф (автор на првата ромска граматика), Васка Б. Мустафа (советник во канцеларијата на Народниот Правобранител на Р.М).

Национален Ромски Центар ќе продолжи да работи и да тежнее кон реализирање на човековите права, а посебно на ромската популација и нивна интеграција во сите процеси во општеството. Виталноста на една нација зависи од нејзините добро образовани граѓани. Образованието е длог на денешните кон идните генерации, а Ромите исто така заслужуваат да бидат дел и од овој процес.