Lívia Járóka

Lívia Járóka

Вашето име и моментална позиција?

Ливија Јарока, Член на Европскиот Парламент од Унгарија.

Која е вашата политичка определба како член на Европскиот Парламент?

Јас сум член на FIDESZ (Hungarian Civic Union) и Групата на Европската Народната Партија и Европските Демократи и сум во Комитетот за Женски Права и Полова Еднаквост како заменик координатор за Групата на Европската Народната Партија и Европските Демократи, Комитетот за Граѓанска Слобода, Правда и Внатрешни Работи и Комитетот за Култура и Образование.

Ве молам опишите ги вашите преходни активности пред да станете МЕП (кратка биографија).

После добивање на диплома по социологија од Централниот Европски Универзитет од Варашава дипломирав и филозофија на Социјална Антропологија на Универзитетскиот Колеџ од Лондон. После добивањето на диплома по филозофија ги продолжив моите студии на иститот универзитет и го започнав мојот докторат насловен “Полиси на Етнички Идентитет помеѓу Ромите во Унгарија”. Активно учествувам во Унгарските и интернационалните граѓански Ромски движења во последиве 10 години.

Кое е вашето мислење за сегашната ситуација на Ромите во Европа?

Голем број на Роми се соочуваат со силна дискриминација и исклучување од едукативните системи низ цела Европа. Ромите исто така се соочуваат со пречки во вработување. Ова најчесто се должи на тоа што тие не можат да добијат добро образование, особено сега кога Европа станува се повеќе базирана на познавање. Недоволна едукација, удомување во гетоа и невработување се меѓусебно поврзани, креирајќи злобни кругови.

Колку Европа е свесна за Ромите?

Просечните Европјани се несвесни за ситуацијата на Ромите. Стереотипите за Ромите треба да бидат демистифицирани и медиумите мора да се фокусираат на реалистично претставување на Ромите за да се создаде реална слика на Ромите за Европјаните.

Земајќи ги во обзир сите тие резолуции, директиви и извештаи кои беа воспоставени од политички групи во ЕП, на кое ниво Ромите се вклучени и заштитени?

Европскиот Парламент континуирано работи на привлекување на внимание на ситуацијата на Ромите и во Европа и презентирање на упатсва за подобрување на нивната позиција. Европската комисија станува свесна и активна на полето, но мислам дека најважните актери, Членките Држави прават многу малку за имплементирање на ефективни полиси за Ромите. Потребна е значајна акција од владите, а од страна на Европската Комисија подобра проактивна акција и притисок како и подобар мониторинг за да се направат одредени промени. Верувам дека зајакнување на имплементацијата на двете антидискриминацски директиви и подобро користење на постоечките Европски инструменти се итно потребни.

Земајќи ги во предвид вашите искуства и мислења кој е најитниот проблем поврзан со Ромите на Европско ниво?

Отстранување на сегрегација кај удомување, вработување, здравство и едукација; креирање на работни и тренинг програми; инвестирање во средно и високо образование; борба против анти-Гипсизам и зголемување на Ромското инволвирање во општесвото, мора да бидат главни приоритети кога се обраќаме кон ситуацијата на Ромите.

Што е направено досега како програма од вашата политичка агенда?

Во Април 2005, ЕП усвои пет делна Резолуција за ситуацијата на Ромите. Исто така Европската Народна Партија (ЕНП), во Март 2006, усвои резолуција за Ромите, драфтирана од мене, која се фокусира на прашања за еднаков пристап кон вработување и едукација. Мојот извештај за Ромските жени во ЕУ е исто така важен чекор во ЕП бидејќи ова е прв ваков извештај кој го посочува искуството од повеќе кратна дискриминација со која се соочуваат Ромските жени во вработување, здравство, едукација и удомување, и исто така посочува прашања како присилното стерилизирање на Ромските жени и проблемот со трговија.

Мојата работа како прв Ромски член во Европскиот Парламент од ЕУ25 беше да изнесам професионален аргумент кој ги засега Ромските прашања на ЕУ ниво и да се осигура за да парадигмата се промени од патерналистички аргументи кон прогресивни говори за Ромските права да се рефлектираат во документите и акциите на институциите на Европската Унија.

Какви активности планирате во иднина во врска со вашата политичка и етничка позадина?

Ние ќе ја проследиме резолуцијата и репортот на ЕП и резолуцијата на ЕНП за да се осигураме дека тие се целосно имплементирани. Исто така ние продолжуваме да работиме со Комисијата да бие повеќе инволвирана кај Ромските права. Ние во Европската Народна Партија ланираме да отвориме Ромска Нетворк Канцеларија и понатамошно развивање на нашата Работна Група за Ромска интеграција. Мислам дека од особена важност е да се зголеми Европската Комисија да се создаде група од комисионери во рамките на Комисионерската Група за Основни Права, Анти-дискриминација и Еднакви можности, кои работат на Ромските прашања и целат кон зелената книга кај Европскиот акционен план за Ромите.

Каква е соработката помеѓу вас и вашите колеги?

Успеав да создадам многу јака мрежа со многу сојузници од сите политички партии, што е многу важно кај лобирање за прашањата за Ромските права во Европскиот Парламент.

Која е вашата визија за иднината и каде се гледате себеси откако ќе завршите во Парламентот?

Јас сум социјален антрополог и планирам да предавам и да го продолжам моето академско истражување и помагање на мојата земја Унгарија и Ромската заедница.