Фудбалот е најголемиот спорт во светот и ни припаѓа на сите нас. Секоја личност има право да игра, гледа и слободно да дискутира без страв. Фудбал Против Расизмот во Европа – ФАРЕ – преку фудбалот се бори со сите форми на дискриминација: на стадионите, на игралиштата, во канцелариите и училниците од страна на фанови, играчи, менаџери, тренери, администратори или едукатори.

ФАРЕ мрежата е основана во февруари 1999 и со својата Акциона Недела обединува поддржувачи, клубови и луѓе кои се цел на расизмот низ контитентот прави напори да се уништи дискриминацијата. Акционата Недела на Фудбал Против Расизамот во Европа е мрежа која цели кон подигање на јавната свест за проблемите на расизмот и креација на обединет фронт за справување со ова малигно влијание во Европскиот спорт број еден.

Она што започна како мала кампања во девет земји во 2001 сега стана една од најголемите анти-расистички активности во овој спорт. Акционата Недела во 2007 постави рекордни 700 настани во 37 земји од Европа. Европските фудбалски ѕвезди даваат своја поддршка на кампањата. Сите 32 тима од УЕФА Лига на Шампионите учествуваа во кампањата „Обединети Против Расизам“ со што допреа до повеќе од 600 000 фанови, директно преку натпреварите и милиони преку преносите на телевизија. Бројот на професионалните лиги кои учествуваат во оваа кампања се зголеми до 14. Исто така и симболичните активности кои се организирани од страна на фудбалски здруженија и индивидуални клубови допруваат до повеќе луѓе секоја година.

Денес мрежата има активни партнери во повеќе од 37 земји и соработува со фанови, играчи, мигранти и етнички малцински организации како и со УЕФАи ФИФА. Благодарение на ФАРЕ мрежата може да се примети промена. Сеппак проблемите со расизмот и дискриминацијата сеуште постојат на и вон теренот.

Затоа по повод „Неделата против расизмот“ (16-28 октомври 2008) Националниот Ромски Центар во соработка со ФАРЕ мрежата, и Ф.К. Куманово – Еуроспорт, во петок, 24.10.2006 со почеток во 12 часот, организира спортски активности во Спортската Сала. На натпреварот ќе земат учество младинци од градот Куманово, и тоа од различни националности. Задоволство ни е да ве поканиме и вас да дадете своја поддршка на оваа кампања со што ќе допринесете за намалување на стереотипите и дискриминацијата.

Игнорирање на расизмот е прифаќање на расизмот – застанете против тоа и приклучете и се на ФАРЕ Акционата Недела