Настан на УЕФА Куп за затворање на ФАРЕ Акциона Недела

(2 ноември 2006) Седмото издание на ФАРЕ Акционата Недела, по оддржување на серија настани 28-29 Октомври, ќе се затвори со проминентна симболична акција на УЕФА Купот со натпревар помеѓу ФК Партизан и АС Ливорно на 2 ноември во Белград. Играчите на двата тима ќе носат два големи транспаренти со мотото на Партизан „Не делиме црно и бело, ние обединуваме“. Играчите на Партизан и Ливорно и судиите ќе носат мајци со анти расистичка порака. За демонстрација дека расистички гестови нема да се толерираат двата тима ќе и прикажат знаци на нивните фанови „ПОКАЖИ МУ ЦРВЕН КАРТОН НА РАСИЗМОТ“ . По расправија со УЕФА одделот за натпревари, Европското фудбалско управувачко тело му даде зелено светло на АС Ненси-Лорен да го носи слоганот ‘non au racisme’ на нивните дресови на натпреварот против Полскиот тим на стадионот Марсел Пикот во четврток 2ри Ноември. УЕФА му даде на францускиот клуб специјална диспензација за носење на анти расистички слоган за одбележување на ФАРЕ Акционата Недела. Вилиам Галард, директорот за комуникации и јавни работи на УЕФА, рече: „Среќен сум изнајдвоме компромис, имајќи ја во обзир кампањата на УЕФА против расизам во фудбал“.

Зголемување на Еврејско Арапската коегзистенцијата во Израел

Ова е првата година во која Израел зема учество во Европската недела против расизам и дискриминација. Централниот анти-расистички настан е одложен до 4ти Ноември за да се оддржи пред најголемата утакмица на Израелската Премиер Лига, на стадионот Теди помеѓу Бетар Ерусалим и Макаби Хаифа, шампионите на Израел. Целта е борба против расизам спрема израелското Арапско етничко малцинство, имигранските играчи и црните играчи. Пред почетокот на ФАРЕ Акционата Недела, Израелскиот Заменик Обвинител Шеј Ницан ја потсети полицијата во писмо дека расистички изрази за време на натпреварите се забранети според закон од 2005. Тој рече дека полицијата ќе внимава и ако слушне расистички изрази како на пример „Смрт за Арапи“ од групи или индивидуалци ќе прибира докази за изнесување на виновниците пред суд.

Подетални информации од:

Kurt Wachter, FARE partner FairPlay-vidc, Tel  0043 1 7133594-90, fairplay [at] vidc [dot] org Leon Mann, FARE partner Kick It Out, Tel. 0044 207 684 4884, leon [at] kickitout [dot] org

Забелешка

Листа на Активности за време на ФАРЕ Акционата Недела е објавен на http://www.farenet.org/actionweek_events.asp Електронска верзија на постерот на ФАРЕ Акционата Недела е достапент на http://www.farenet.org/resources/Poster_ActionWeek06.pdf