Фаре постерФАРЕ Акциона недела против расизам и дискриминација во Европскиот фудбал.

ФАРЕ Акционата недела е фокусот на симболичното противење на Европскиот фудбал против расизам и дискриминација.

Активностите се дизајнирани да се подигне свеста за прашањето и да се назначи одлучноста на фудбалот да се бори со тој проблем. Иницијативи се поставени од НВО кампањи, групи на фанови, клубови, национални здруженија, етнички малцинства, младински групи и школи.

Повеќе од 2000 активности ќе се одвиваат во 37 Европски земји. По повод акционата недела против расизмот и дискриминацијата, Националниот Ромски Центар „НРЦ“ од Куманово, во партнерство со ФАРЕ, во рамките на нивната акција, претставување на шампионите,„ОБЕДИНЕТИ ПРОТИВ РАСИЗМОТ“ организирa спортска манифестација (турнир во мал фудбал). Со оваа активностпродолжуваат интензивните заложби за квалитетно образование што се реализира, преку националната кампања, „Клучот е во наши раце“Ромски Едукативен Фонд – Будимпешта. Во четврток 25.10.2007 во 10:00 во Скопје, хотел „Јадран“ ќе се одржи прес конференција по повод Акционата недела против расизмот.

Датум: 27.10.2007 – Сабота

Место: Спортска сала – Куманово

Учесници:

  • ОУ Крсте Мисирков
  • ОУ Бајрам Шабани
  • ОУ Браќа Миладиновци
  • ОУ Х.Т.Карпош
  • ОУ 11ти Октомври
  • Совет на Општина Куманово
  • НВО- Сектор
  • Куманово- „Еуро спорт“

АГЕНДА

  • 9.00 – Собирање на учесниците пред канцеларијата на „НРЦ“
  • 9.15 – Почеток на парадата (Плоштад, Нагорички сокак, Бул.Окт.Револуција, Спортска сала.)
  • 9.30 – Пристигнување во Спортската сала
  • 9.40 – Свечено отварање на манифестацијата (г-дин Зоран Петрушевски – претседател на Советот на Општина Куманово).
  • 10.00- Почеток на турнирот во мал фудбал
  • 11.15- Ревијален натпревар помеѓу женските екипи
  • 11. 30- Ревијален натпревар помеѓу Советот на општина Куманово и НВО секторот.
  • 12.00 – Финален натпревар
  • 12.30. Затварање на турнирот и доделување на благодарници и награди (г-дин Зоран Дамјановски- градоначалник на Општина Куманово и познатиот фудбалски АС, г-дин Вујадин Станојковиќ.

Лице за контакт: Кирил Петковски, тел: 031 427 558, Факс: 031 427 558, Моб. 075 280 521,
e-mail: info[at] nationalromacentrum[dot]org, www.nationalromacentrum.org, ул: Доне Божинов бр 11/5