На БУВЕРО кампот во Македонија досега беа организирани повеќе возбудливи и интересни настани, задачи и предавања во текот на изминатите неколку дена.

Во втората половина на третиот ден од кампот БУВЕРО се работеше на Постмодерна медиумска структура WEB 2.0 и блогирање, тема која беше особено интересна за учесничките затоа што имаа можност да видат и слушнат како и самите можат да бидат активни во светот на медиумите. На оваа тема со девојките разговараше Галиа Стојанова, фотограф и режисер на документарни филмови во развој. Учесниците за прв пат имаа можност да развијат своја идеја за фото кампања и кратко видео. Девојките исто така го имаа и првото телевизиско интервју за К3 Телевизија, каде што зборуваа за програмата, нивните импресии и очекувања. Во вечерниот термин гостинка на кампот беше Бојана Краљевска, која има завршено мастер студии на Факултет за аудио-визуелни уметности ЕСРА – Скопје, на Катедра за продукција. Таа прикажа неколку документарни филмови и разговараше со учесничките за значењето на документарните филмови и пораките што тие ги праќаат.

Во вториот дел од агендата за четвртиот ден на кампот БУВЕРО девојките прв пат почнаа самите да практикуваат фотографирање и снимање. Оваа сесија беше особено интересна за нив затоа што имаа можност да употребат професионална опрема за снимање и притоа да се забавуваат.

Следните две сесии беа посветени на приказот на Ромите во училишната програма, како и вежба за раскажување приказни. На овие теми со учесничките работеше Реџеп али Чупи, директор на Управата за развој и унапредување на јазиците на припадниците на заедниците при Министерството за образование и наука.

На тема за зајакнување на ромската девојка, работата со ромската заедница, како и ромскиот активизам генерално со учесничките разговараше Љатифе Шиковска, ромски активист и директор на Здружението „Амбрела“.Со неа девојките разговараа и за нивните идни планови за високо образование и конкретни теми директно поврзани со образование.

 

[post_gallery]