Национален ромски центар (НРЦ) на 31ви јануари 2019 година во просториите на ЕУ Инфо центар го промовираше проектот „Зајакнување на пристапот до бесплатна правна помош за Роми и други ранливи категории” кој го спроведува во партнерство со Симбиозис 12. Проектот се имплементира во период декември 2018 до декември 2020 година со поддршка на Европската Унија преку грантовата шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правосудниот сектор“ која ја спроведува Министерство за финансии, Сектор за Централно Финансирање и Склучување на Договори.

Катерина Шојиќ, раководител на правна програма и застапување на НРЦ ги презентираше проектните цели, очекуваните резултати и активности пред претставници на Министерството за Правда; претставници на Делегација на Европска Унија; како и претставници на граѓанскиот сектор кои работат на полето на ефективни реформи во правосудниот сектор.

Главна цел на проектот е да се подобри пристапот до бесплатна правна помош за Ромите и и припадници на ранливи категории на граѓани (жени, малцинства, лица со попреченост, социјално исклучени граѓани). Посебна цел на проектот е да промовира и да подигне свесност за бесплатната правна помош помеѓу ромската популација и други социјално ранливи категории граѓани во 6 општини во државата (Куманово, Кочани, Кичево, Штип, Прилеп и Крива Паланка).

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*