Во рамките на проектот „Зајакнување на ромската жена во РСМ“ ,две еднодневни работилници за развоја на годишна програма на НРЦ за 2021 година беа одржани на 1 и 6 април 2021 година. Работилниците беа организирани преку зоом, а ги одржаа 2 надворешни фасилитаторки, со вработените на НРЦ и техничките асистенти ангажирани во рамки на проектот. 

Активноста беше испланирана и реализирана на партиципативен начин. Вработените на НРЦ ги поминаа сите стратешки цели, специфични цели и ги опиша активностите од 2021 година што се предвидени и планирани со цел да се исполнат овие цели. Откако вработените на НРЦ го финализираа нацртот на документот, фасилитаторките го разгледаа и обезбедија релевантни упатства до НРЦ за тоа како да се заврши процесот на годишно планирање.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*