Ве покануваме на учество на деветта онлајн работилница организирана од З. Национален ромски центар – Куманово, на тема: „Како да продолжиме да се заштитиме од вирусната пандемија и да ги намалиме ефектите од најавениот бран? – информации и насоки“ со која ќе се дадат насоки и информации за тоа кои мерки можеме да ги преземеме за да продолжиме да се заштитиме себеси од Ковид19, превентивни мерки за спречување на ширењето на заразата со овој вирус, и како да ги намалиме ефектите од предвидениот бран. Накратко ќе се дадат информации за вакцинацијата на населението како мерка која може да стави крај на падемијата. Предавач на оваа онлајн работилница е Д-р Мимоза Величковски, специјалист по хигиена. Активноста е во рамките на проектот „Унапредување на здравствената заштита на Ромките во време на здравствена криза“ финансиран од страна на Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ).

Работилницата ќе се одржи онлајн на 27.08.2021 г.  со почеток во 17:00 часот преку ZOOM платформата. Активноста е во рамките на проектот „Унапредување на здравствената заштита на Ромките во време на здравствена криза“ финансиран од страна на Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ).

Заинтересираните може да се пријават на следниот e-mail: [email protected]  по што ќе им биде испратена покана со линк за приклучување работилницата и агенда.

***

Содржината на оваа веб-страница се одговорност на сопственикот и уредникот и не ги одразуваат ставовите на Фондација отворено општество – Македонија

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*