Здружение Национален Ромски центар (НРЦ) од Куманово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: ЗГ “Национален Ромски Центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.

1.2 Предмет на барањето: Прибирање понуди за дизајн и печатење на 2 брошури.

1.З. „ Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот КОВИД 19 /Заштита на работнички права на работници со ниски примања” финансиран со поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија, и заради остварување на планираните проектни активности го објавува овој повик.

1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

2. Понуда

2.1  Ќе биде подготвен дизајн и ќе треба да се печатат по 4 брошури. Во соработка со НРЦ, понудувачот со кого ќе биде склучен договор за соработка ќе треба да подготви дизајн  и да испечати 4 брошури. Секоја од брошурите ќе подготвена на македонски и на албански јазик. Понудувачот треба да достави понуда согласно потребите на набавувачот:

1 брошура – 6 страници на македонски јазик

1 брошура – 6 страници на албански јазик

1 брошура – 5 страници на македонски јазик

1 брошура – 5 страници на албански јазик

формат: А-5

вид на хартија: 200 грамска

вид на врзување: лепење

техника на печатење: фул колор, двострано печатење

број на примероци: вкупно 300 примероци

1 брошура – 6 страници на македонски јазик *100 примероци

1 брошура – 6 страници на албански јазик *50 примероци

1 брошура – 5 страници на македонски јазик *100 примероци

1 брошура – 5 страници на албански јазик * 50 примероци

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Цена
  • Квалитет

Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови. За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

4. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт

4.3 Карактеристики на понудата

4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите

4.5 Рок и начин на плаќање

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса [email protected]  најдоцна до 08.04.2021 година до 16 часот.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*