Здружението Национален ромски центар од Куманово го спроведува проектот „Застапување за обезбедување на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство” во рамки на проектот „На пат кон ЕУ: Спречување на насилството врз жените во Република Северна Македонија” финансиран од Фондацијата “Kvinna till Kvinna” ( The Kvinna till Kvina Fondation) а имплементиран од Национална мрежа против насилство врз жените и семејното насилство во чии рамки на ден 16.12.2021 со почеток од 13:00 час во просторитте на Општина Куманово се одржа неформална средба со Претседателката на Совет на Општина Куманово и со локалните граѓански организации кои работат со жени. На средбата присуствуваа претставничките на граѓанските организации НРЦ, Мајка, Коло на српски сестри, Организација на жени Сирма, Флоренс најтингел, РОЖМ Даја, Биди своја, СОЖМ -огранок Куманово, Цивис како и претседателката на Совет на општина Куманово. Целта на средбата беше да се слушнат мислењата на локалните граѓански организации за воспостаување на Советувалишен центар за помош и поддршка не жртви на родово базирано и семејно насилство во Куманово, кое ќе го користат жени и деца жртви на насилство од општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка и Кратово на локација лесно достапна и пристапна за лица со физичка попреченост. Од страна на Претседателката на Совет на Општина Куманово беше истакнато дека е воочена потребата од воспставување на Советувалишен центар за помош и поддршка не жртви на родово базирано и семејно насилство во Куманово, но и исто така дека е и потребно да се слушнат мислењета на локалните граѓански организации кои долги години наназад работат со жените и се во директен контакт со жените и најдобро ги знаат потребите на жените жртви на родово базирано и семејно насилство.Од страна на локалните граѓански организации едногласно беше истакнато дека е потребно превземање на заеднички активности со цел воспоставување на ефикасен и ефективен центар за помош и поддршка на жените жртви на семејно и родово базирано насилство и беше договорено доколку се јави потреба од помош и поддршка подготвени се и да се воздржат од превземање на активности за добивање на финансиски средства за други намени доколку истите бидат насочени кон воспоставување на центар за жени жртви на семејно и родово базирано насилство.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*