Национален ромски центар и Симбиозис 12 ќе организираат отворени информативни средби во заедницата на кои може да присуствуваат сите граѓани. На средбите ќе се поделат промотивни материјали, ќе се споделат информации во врска со правната рамка и бесплатната правна помош обезбедена во рамките на проектот и ќе се соберат информации за можни последователни посети по куќи од страна на правни експерти.

Во согласност со идентификуваните потреби на граѓаните, ќе се организираат дополнителни домашни посети и состаноци со правниот тим на проектот. Граѓаните кои се заинтересирани за повеќе информации за пристапот и начинот на обезбедување на бесплатна правна помош ќе може да се пријават и понатаму да бидат упатени до правната служба на проектот.

Проектот го спроведув здружение „Национален ромски центар“ (НРЦ) во партнерство со Здружение „СИМБИОЗИС 12“  Куманово, со поддршка на Европска Комисија преку грантовата шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правосудниот сектор“ која ја спроведува Министерство за финансии, Сектор за Централно финансирање и Склучување на Договори.

 

Ве покануваме во следните термини:

  • 03.2020 во период од 10.00 до 16.00 во Куманово.
  • 03.2020 во период од 10.00 до 16.00 во Крива Паланка.
  • 03.2020 во период од 10.00 до 16.00 во Кичево.
  • 03.2020 во период од 10.00 до 16.00 во Прилеп.
  • 03.2020 во период од 10.00 до 16.00 во Штип.
  • 03.2020 во период од 10.00 до 16.00 во Кочани.

За локациите дополнително ќе бидете информирани.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*