ПОКАНА

за отворени информативни денови

 

Здружение Национален ромски центар од Куманово во партнерство со Симбиозис 12 го спроведува проектот „Зајакнување на пристапот до бесплатна правна помош за Роми и други ранливи категории” со поддршка на Европска Комисија преку грантовата шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правосудниот сектор“ која ја спроведува Министерство за финансии, Сектор за Централно Финансирање и Склучување на Договори.

Главна цел на проектот е да го подобри пристапот до бесплатна правна помош за Ромите и други социјално ранливи категории во земјата.

Посебна цел на проектот е да промовира и да подигне свесност за бесплатната правна помош помеѓу ромската популација и други социјално ранливи категории граѓани во 6 општини во државата (Куманово, Кочани, Кичево, Штип, Прилеп и Крива Паланка).

Во рамките на проектот, проектниот тим ќе организира најмалку дванаесет (12) отворени информативни денови за заедницата, два (2) во секоја од целните општини. Настаните ќе бидат промовирани преку локалните медиуми, но и преку страниците на социјалните медиуми на партнерските организации.

Членови на проектниот тим и локалните активисти ќе организираат инфо-точки низ целните општини. На отворените денови за информации за заедницата, тие ќе дистрибуираат промотивни материјали до граѓаните, ќе обезбедат подетални информации во врска со правната рамка и бесплатната правна помош обезбедена во рамките на проектот и ќе соберат информации за можни последователни посети по куќи. Информативните точки ќе бидат поставени на прометни локации во општините, во близина на ромските населби.

Во согласност со идентификуваните потреби на граѓаните, ќе се организираат дополнителни домашни посети и состаноци со правниот тим на проектот. Граѓаните кои се заинтересирани за повеќе информации за програмата за бесплатна правна помош ќе бидат упатени до правната служба на проектот.

 

Ве покануваме на ден 07.08.2019 година (среда) во период од 12.00 до 14.30 на локација Градски Парк кај Автобуската станица (спроти дирекција на Чистота и зеленило) во Куманово.

 

 

Контакт: [email protected], 031 427 558, 076 258 595

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*