Оваа публикација е изработена во рамки на проектот „Зајакнување на пристапот до бесплатна правна помош за Роми и други ранливи категории“ со поддршка на Европска Комисија преку грантовата шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правосудниот сектор“ која ја спроведува Министерство за финансии, Сектор за Централно Финансирање и Склучување на Договори. Проектот го спроведува здружението Национален ромски центар (НРЦ) во партнерство со здружение Симбиозис 12 Куманово.

Извештајот има за цел да направи преглед на состојбите во поглед на реализацијата на правната рамка за
бесплатна правна помош во земјата и нејзината ефективност во обезбедувањето правна помош на ранливите категории граѓани. Во рамки на истражувањето што беше реализирано за потребите на проектот беше направено деск истражување на законската рамка и достапни документи врзани за нејзината имплементација, интервјуа со експерти од областа, како и анкета со граѓани Роми во поглед на нивниот степен на запознаеност со можностите за бесплатна правна помош, како и искуства со институциите кои обезбедуваат правна помош во земјата.

Целта на истражувањето е:

  • Да го утврди степенот на запознаеност на граѓаните, со посебен фокус на граѓани од групи во ризик од социјална исклученост до правната рамка за бесплатна правна помош;
  • Да ги утврди клучните потреби и предизвици на ранливите групи граѓани во поглед на пристапот до правда и остварувањето на правото на бесплатна правна помош;
  • Да утврди колкав дел од граѓаните имаат потреба од бесплатна правна помош. За потребите на истражувањето беше применета комбинација од квантитативни и квалитативни истражувачки методи – квантитативниот пристап овозможува добивање сознанија за ставовите, искуствата и перцепциите на голем примерок од популацијата, додека квалитативниот пристап ни овозможува продлабочени сознанија за темата на истражувањето. Во првата фаза беше реализирано деск истражување кое се фокусираше
    на анализа на правната рамка за бесплатна правна помош во земјата и нејзината имплементација. Во рамки на деск истражувањето беше анализиран Законот за бесплатна правна помош, измените на првиот Закон и одредбите од новиот Закон за бесплатна правна помош. Деск истражувањето исто така направи преглед на заклучоците од повеќе истражувачки извештаи за имплементацијата на законската рамка за бесплатна правна помош.

Истражувањето може да се прочита на следните линкови:

http://www.nationalromacentrum.org/mk/wp-content/uploads/Rezultati-1.pdf

http://www.nationalromacentrum.org/mk/wp-content/uploads/Rezultati-2.pdf

http://www.nationalromacentrum.org/mk/wp-content/uploads/rezultati-3.pdf

http://www.nationalromacentrum.org/mk/wp-content/uploads/Rezultati-4.pdf

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*