За време на медиа кампот Буверо 2016 година ромски девојки подготвија три интересни видео приказни што беа промовирани пред публиката и предизвикаа голем интерес

 

Националниот ромски центар со поддршка од програмата на Европска Унија „Европа за граѓаните“ на 01.06 организираше промоција на кратки документарни филмови изготвени од учесничките на медиа кампот Буверо 2016. Беа промовирани трите документарни филмови: Живот, Ромска софра и Сенки на животни приказни.

„Живот“ е биографски филм за познатиот ромски пеач Ерџан Амети, приказна исполнета со сеќавања и многу музика. Сценариото и реализацијата се на Атиџа Јумеровска, Шазедина Медик и Мерјем Касум, под менторство на Ашмет Елезовски.

„Ромска Софра“ како видео приказна за традиционалните ромски јадења е богата со убавината на подготовката на храната, нејзиното значење и културна вредност. Автори на филмот се Фејме Мустафовска, Сабина Фета и Сафета Асановска, под менторство на Славица Ќурчинска.

„Сенки на животни приказни“ е креативен документарец за 4 женски животни приказни пренесени на начин кој предизвика голем интерес кај публиката на промоцијата. Авторките на видеото Мелиса Фејзулова, Мејрема Демировска, Мелани Бангова и Џенита Адилова работеа под менторство на Ирфан Мартез.

На промоцијата официјално беа доделени сертификати на сите учеснички на медиа камп „БУВЕРО 2016“

Медиа Камп „БУВЕРО 2016“ е програма за млади ромски девојки на возраст од 18-26 години од Македонија. Главна цел е да се мотивираат младите ромски девојки преку тренинг за новинарство и користење на новата иновативна дигитална технологија. Тренингот беше реализиран во август 2016 година. Во теоретскиот дел експерти од различни полиња оддржаа предавања на следниве теми: визуелно историско прераскажување, медиумска етика, идентитет, основи на новинарство, основи на фотографија, видео снимање и телевизиско уредување и практичен дел каде што учесниците беа поделени на групи и ги снимаа и уредуваа своите сопствени видео записи.

18-800x600 17-800x600 15-800x600 14-800x600 13-800x600 12-800x600 11-800x600 10-800x600 9-800x600 8-800x600 7-800x600 6-800x600 5-800x600 4-800x600 3-800x600 2-800x600 1-800x600

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*