Почитувани,

Здружение Национален ромски центар (НРЦ), Куманово објавува Барање за прибирање на понуди повикувајќи ги сите квалификувани физички и правни лица да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

  1. Општи услови
    1.1 Набавувач на услуги ЗГ. Национален ромски центар со седиште на ул. Доне Божинов бр.11/5, Куманово.
    1.2 Предмет на барањето: Прибирање на пријави за експерт/ка
    1.3 Национален ромски центар го имплементира проектот „Кампања за превенција на насилство врз жени и семејно насилство во ромските заедници” во рамките на Регионалната програма на Европската Унија и UN Women „Спречување на насилството врз жените во Западен Балкан и Турција: Имплементирање на норми промена на ставови” и за потребите на проектот НРЦ го објавува ова барање преку својата интернет страница www.nationalromacentrum.org.

Главна цел на проектот е жените, девојчињата, мажите и момчињата на заедничко и индивидуално ниво да имаат подобро разбирање и прифаќање на родовата еднаквост во 4 региони во земјата.

Проектот се имплементира во 5 општини Куманово, Кочани, Штип, Прилеп и Кичево.

1.4Понудувачот може да биде секое физичко или правно лице кое ги исполнува условите од ова Барање за доставување на понуди, во смисла на образование и претходно искуство.

1.5Понудувачот со поднесување на понуда се обврзува дека важењето на понудата под пропишаните услови ќе биде до завршување на ангажманот предвиден со Договор кој по избор ќе се склучи со НРЦ.

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*