Најнови објави
- Поддршка за учениците во изработка на маски
- Одржан тренинг на тема „НЕ за училиштата со посебни потреби за децата Роми”
- Теренска посета на Liga Pro Europa во Романија
- Деветти мај – Ден на Европа
- Десетти ромски детски фестивал „Отворено срце“
Политиките на земјите – кандидатки и на земјите – членки на Европската Унија треба да бидат видливи и практични со директно насочени финансиски средства кон стабилизирање на животниот стандард на Ромите.
Ромите се граѓани на земјата во која се родени, но пред сè се граѓани на Европа и итно е потребно прашањето на Ромите да биде сериозно прифатено како политички проблем, бидејќи само така може да се најде вистинско решение.
Холокаустот е болна меморија, за која се надеваме дека ќе нé потсети, како луѓе, дека треба да пропагираме толеранција и почит на човековите права. Се надеваме на поддршка од Светот, Еврејската заедница, и најмногу од Германија и нејзините граѓани, за организирање на настан кој би се оддржувал секоја година и кој ќе послужи како потсетување на жртвите на Холокаустот.
Зарем треба во мојата земја да се борам против стереотипите само затоа што сум Ром, а во Европа да се борам против стереотипите затоа што сум и Ром и затоа што потекнувам од Балканот? Исправен пред овие прашања, се чувствувам како да се борам против ветерници!
„Пописот му овозможува на секој граѓанин слободно да ја изрази својата национална припадност, а за нас ова ќе биде уште една можност да се доближиме до реалната бројка на Роми во Македонија.“
“Начинот на кој се прави тоа е спротивен на европските вредности на бројните меѓународни документи за заштита на човековите права, вклучително и на залагањето за меѓуетничка толеранција… секој има право на слободно движење…” изјави Ашмет Елезовски, менаџер на Национален ромски центар.
Никој не е роден со омраза кон друга личност поради бојата на кожата, нејзиното минато, нејзината религија. Луѓето мора некаде да научиле да мразат, а ако можат да го научат тоа, сигурно можат да научат и да сакаат бидејќи љубовта е поприродна за човечкото срце од омразата.
НРЦ упатува апел до сите Влади одговорни за животите на милиони ромски граѓани намалете ја миграцијата, со тоа што ќе понудите стабилност.
Да не се дозволи интеграцијата со Декадата да остане имагинација – изјави Ашмет Елезовски, претседателот на Националниот ромски центар. НРЦ повикува на заеднички акции и имплементација на очекуваните цели за видливо и издржливо унапредување.


